Кајали — историско село на територијата на Општина Струмица, во близина на селото Мемешли.
Географија Селото се наоѓало високо на планината Беласица, над Костуриснкиот Превој, непосредно јужно од Мемешли, во чиј атар се наоѓало.
Историја Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Къяли имало 260 жители, сите Турци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 163.
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 68 жители Турци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 246.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото не било забележано со жители, туку како место со руини.
Самоуправа и политика Кон крајот на XIX век, Кајали било турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Поврзано
Мемешли
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија Категорија:Села во Македонија Категорија:Села во Општина Струмица Категорија:Струмички села Категорија:Мемешли