Тодор Жилков, роден Тодор Илиев Жилков, претставен во русофилската бугарска историографија како Тодор Тилков (Струмица — септември 1879, Вишен) — македонски свештеник кој служел во Струмица, и Водоча. Деец на македонската преродба. Покрај притисоците од Патријаршијата тој бил еден од единствените попови во струмичко кои богослужеле на македонски народен јазик.
Животопис лево|мини|Слика на делегатите на Првиот собор во Цариград од 24 јули 1871 година. Тодор Жилков е на првиот ред (№ 11) Тодор е роден е во Струмица, која тогаш била дел од Османската империја. Тој е еден од водачите на струмичани во нивната борбата за црковна незавиност од Цариградската патријаршија. За таа цел, и со цел да може да богослужи на македонски тој во 1871 година е делегат од Струмичката епархија на Првиот словенски црковно-народен собор во Цариград. На 14 мај истата година станува еден од потпишувачите за пристапување кон Бугарската егзархија.
Од написити на егзархискиот митрополит Герасим Струмчки, попот Теодор во Водоча уживал голема поддршка во својата борба да богослужи на македонски народен јазик и покрај притисоците на грчките владици. Токму затоа литургијата во Водочката црква непрекинато продолжила да се води на македонски народен јазик, во време кога во Струмица тоа било речиси невозможно.
Жилков и учителот Агапи Војнов, уживале голема морална и материјална поддршка од велешките трговици, и македонски преродбеници браќа Шулеви, и под нивно покровителство ќе започнат и народно училиште во Струмица. Ваквите смели акции, ќе предонесат да дојде во директен судир со грчкиот струмички митрополит Јеротеј, кој наредил и тој и Војнов да бидат претепани.
Претепувањето предизвикало скандал, не само во Струмица, туку стигнало и до солунскиот валија, па како последица на тоа струмичкиот кајмакан бил отпуштен, а Патријаршијата морала да го премести Јеротеј надвор од Струмица. За жал, грчките клевети не престанале тука, и поради неговата непокелбливост османлиските власти во 1870-те години го преместиле во Сер. Поради тоа неговите четири малолетни деца останале без било какви приходи и издршка. Неговиот живот завршил во селото Вишен, Серско, каде бил поставен да богослужи. Тука во 1879 година, тој умрел и бил закопан до селската црква. Познатион учител Арениј Костенцев, тврди дека намерно бил отруен од Грците во Сер. Неговиот внук е македонскиот деец Арсо Поп Тодоров
Наводи
Категорија:Родени во непозната година Категорија:Починати во 1879 година Категорија:Луѓе од Струмица Категорија:Починати во Вишен Категорија:Македонски преродбеници Категорија:Македонски свештеници Категорија:Македонски просветители Категорија:Отомански свештеници Категорија:Отомански Македонци Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија