Ал Тартер () — село во Андора, едно од 44-те официјални места во земјата. Се наоѓа во жупата Каниљу. Населението брои 1.003 жители (2023).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во североисточниот дел на земјата, високо во Пиринеите, во непосредна близина на границата со Франција, на надморска височина од 1.765 м. Лежи крај главниот пат CG-2, на десната страна на реката Источна Валира, притока на Валира.
Културни и природни знаменитости Во селото се наоѓа католичката црква „Св. Петар“, изградена во XVI век. Во 2003 г. црквата била прогласена за заштитен културен споменик.
Наводи
Категорија:Каниљу Категорија:Населени места во Андора