Нада Тевдова Антева ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица 1941.
Животопис десно|мини|200x200пкс|Нада Антева е носител на Партизанската споменица 1941. Монополска работничка. Пред војната учествувала во напредното работничко движење. Кон крајот на 1940 година била примена за член на СКОЈ, а во септември 1941 година веќе била кандидат на КПЈ. Од април 1942 година станала член на КПЈ. Во јули 1941 година зела учество во подготовките на штрајкот на монополските работници и била избрана за член па штрајкувачкиот одбор. Во пролетта 1942 година била секретар на реонска партиска организација и секретар на Месниот Комитет на КПЈ - Тетово, до крајот на 1942 година. Нејзиниот дом, бил сигурно илегално засолниште во градот. Во пролетта 1943 година била избрана за инструктор на Првиот областен комитет на КПМ и на територијата на Дебар и Кичево организирала Окружни комитети. Во ноември 1944 година била избрана за секретар на Окружниот комитет за Тетовско. Таа е носител на Партизанска споменица 1941 и повеќе одликувања.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941