мини|Кермадечката Плоча

Кермадечка Плоча — долга и тесна тектонска плоча западно од Кермадечкиот Ров во јужниот Тихи Океан. На оваа плоча лежи и мал дел од Северниот Остров на Нов Зеланд и групата Кермадек. Одделена е од Австралиската Плоча со долга раздвојувачка граница која образува задлачен басен. Подрачјето е мошне подложно на земјотреси и цунамија.

Брзината со која Тихоокеанската Плоча се приближува до Австралиската и Кермадечката е меѓу највисоките на светот, со 8 см годишно на север и 4,5 см годишно на југ.

Поврзано Кермадечки Ров

Наводи

Литература

Категорија:Тектонски плочи Категорија:Геологија на Нов Зеланд Категорија:Геологија на Тихиот Океан Категорија:Зеландија