Џентлмен во Москва е роман на Ејмор Тоулс од 2016 година.
Заднина Протагонист на романот е измислениот гроф Александар Илич Ростов, роден во Санкт Петербург, Русија, на 24 октомври 1889 година. Израснат на имотот на неговото семејство Ростов „Безделништво“ во Нижни Новгород. Ростови се аристократи и ги посетуваат околните имоти со тројка или санки влечени од коњи.
Секое од поглавјата на книгата е поставено според хронолошката структура која се удвојува, а потоа се преполовува. Првото поглавје е денот по апсењето на грофот, второто е два дена потоа, а следните поглавја се поставени пет дена, десет дена, три недели, шест недели, три месеци, шест месеци, една година, две години, четири години, осум години, а шеснаесет години по почетокот на наративот. Од овој момент, структурата се менува, при што времето помеѓу поглавјата постепено се преполовува до последниот ден од наративот.
Инспирација и заплет Инспирацијата на Тоулс за романот било неговото искуство при престој во луксузни хотели, поточно, хотел во Женева, Швајцарија, каде што некои гости биле постојани жители. Тој ја комбинирал идејата за луксузни хотели со неговото знаење за долгогодишната историска традиција на домашен притвор во Русија.
Прием Киркус Ривју ја оценил книгата како „одличен роман, непрекинато задоволство преполно со шарм, лична мудрост и филозофски увид. Според НПР „Џентлмен во Москва“ е роман кој има за цел да шармира... а резултатот е победнички, стилски... Тоулс никогаш не дозволува некој само да се збогува кога би можел да се поздрави, никогаш не става точка кога би можел да стои извичник или драматична елипса.“ Кралицата Камила, им ја препорачала книгата на оние кои се во изолација за време на пандемијата COVID-19.
Џентлмен во Москва била финалист за наградата Киркус за фикција и литература во 2016 година. Исто така, романот бил номиниран за меѓународна книжевна награда во Даблин за 2018 година.
Адаптација Во август 2017 година, било најавено дека е во развој адаптација на книгата во форма на серија. Во април 2018 година, Кенет Брана се приклучил на продукцијата за да глуми како Грофот Ростов, додека Том Харпер требало да режира. И двајцата го напуштиле проектот до август 2022 година, кога Јуан Мек Грегор го заменил Брана, а режисерските должности ги презел Сем Милер. Серијата била премиерно прикажана во март 2024 година, на Парамунт+ на меѓународно ниво и Шоутајм во САД.
Наводи
Категорија:Американска книжевност