Башибоска чешма — чешма и бугарски воен споменик во валандовското село Башибос, Македонија, посветен на вториот пешадиски македонски полк од Првата светска војна.

Местоположба

Чешмата се наоѓа на самото сретсело во валандовското село Башибос.

Историја

Чешмата била изградена од бугарската војска во 1917 година во чест на бугарските војници и нивните успеси на Македонскиот фронт во Првата светска војна по Дојранската епопеја. Посветена е на војниците од Вториот пешадиски македонски полк од Деветтата плевенска дивизија.

Чешмата во поново време заедно со други чешми на планината Беласица била обновена од мештанинот Хусеин.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Башибос Категорија:Споменици за Првата светска војна