Димко Солев, роден како Димко Апостолов Солев (1915, Велес — Велес, 2017) — македонски грнчар и работник од градот Велес. Познат како еден помладите браќа на истакнатиот македонски револуционер и поет Кочо Рацин. Димко Солев бил последниот грнчар во фамилијата Солеви.

Животопис Димко Солев исто како Кочо Рацин е роден во грнчарска фамилија во Којник. Димко бил третото дете на Апостол Солев и Марија Солева. Заради сиромашните услови во млади години работел како грнчар заедно со неговиот татко. Заедно копале глина во месноста „Брца“. Понекогаш би добил помош од неговиот постар брат Коста Солев но тој редовно бил во странство и ретко се враќал во градот.

Кога Коста Солев би се вратил во градот Димко му помогал да пренесе писма и книги кон неговиот другари, како Панко Брашнаров и Петре Прличко. Според сеќавањата на Димко Солев, редовно го слушал зборот „пропаганда“ помеѓу другарите на Коста кога зборувале. Димко Солев заедно со неговиот татко ги прозиведувале грнчарските предмети додека ќерките на Апостол заедно со неговата жена Марија Солева ги продавале.

Апостол Солев бил главен врз работилницата до неговата смрт во 1936 година, тогаш главниот станал Димко Солев. После неколку години во 1939 година се оженил со Галаба Солева од Ораовец и имале пет деца: Вида, Апостол, Бошко, Донка и Ѓоре. Кога Велес подпаднало под фашистичка бугарска окупација Димко учествувал во ослободителното движење но во послабо ниво со разлика од Кочо Рацин.

После ослободувањето на градот продолжил да работи како грнчар но заради неуспешните продажби на неговите производи во 1960 година одлучил да побара помош и успешно се вработил во Порцеланка, таму работел за следните две години но околу 1963 година се пензионирал. Учествувал како гостин во Рациновите средби и понекогаш би бил присутен за отварањето на спомен куќата на Кочо Рацин кон странски граѓани. Во 2017 година починал со 102 години.

Гледишта на Димко Солев за Кочо Рацин мини|Слика од Кочо Рацин во 1927 година, произведено во ателјето на Дамаскин Манушев и подарено кон Ѓорѓи Солев. Димко Солев имал многу позитивни гледишта кон придонесите на Кочо Рацин во македонскиот јазик и историја. Дури во млади години Димко израсил дека бил восхитен на храброста на Коста Солев и го сметал како идол. Кога Кочо Рацин бил уапсан и ставен во затвор кај Симитли, Пиринска Македонија сите други членови во фамилијата му подариле храна и пари додека Димко бил единствениот којшто го посетил Коста Солев.

За посетата на Димко Солев истакнал неговиот син Бошко Солев:

После ослободителната војна Димко Солев заедно со неговата мајка секој ден чекале да се вратил Коста Солев не знаејќи дека пред две години загинал во Лопушник. После еден месец или повеќе од чекајќи го добиле посета од партизан којшто ги информирал дека Кочо Рацин загинал. Марија Солева била многу тажна за случајот. Кога бил закопан во Св. Пантелејмон Димко Солев го посетувал секој ден, но кога остатоците биле пренесени во велешката костурница. Димко Солев исто така спомнал како Кочо Рацин имал силен македонски идентитет, во еден интервју истакнал:

После кога ја открил тажната судбина на Коста Солев тој пробал да открие како починал Кочо Рацин, учествувал во Рациновите средби и го посетувал неговиот спомен дом, во една Рацинова средба Димко Солев го прашал Страхил Гигов, којшто бил во Лопушник кога Рацин бил убиен да му даде одговор како и зошто умрел Коста Солев. Сомнително Гигов не му дал одговор туку останал тивок. Во едно интервју со Стоилко Андреевски се пожалил како мразел дека не можел да најде одговор за дали убиството на Кочо Рацин било злонамерно или несреќа. За жал починал пред да најде одговор.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Велес Категорија:Родени во 1915 година Категорија:Починати во 2017 година Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Кочо Рацин