Света Богородица — селска црква во битолското село Долно Егри, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа северозападно од селото, на еден поранешен речен остров.
Историја
Храмот бил подигнат по завршувањето на Првата светска војна. Претходно таму имало црквиште, за кое мештаните кажувале дека било од „римско време (Елимите)“.
Јован Трифуноски во своите истражувањето на селото во 1953 година има запишано дека околу црквата имало гробови од друг народ со големи камени плочи.
Според плоча во црковниот двор, црквата била обновена во 2004 година со помош на жителите од Средно и Долно Егри.
Галерија
Поврзано Битолско архијерејско намесништво Краварско-бачка парохија Долно Егри
Наводи
Надворешни врски
Долно Егри