Арза (, Арез) — село во општината Девол на Горичката област, југоисточна Албанија.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во северните пазуви на планината Грамошта, под врвот Извор, околу 12 км јужно од градот Горица, на надморска височина од 1.140 м.Арза (783731) — GeoNames

Историја Во XIX век Арза било албанско село во Горичката Каза на Горичкиот Санџак. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Арза е чисто албанско село во Горичката Каза со 86 куќи.

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Божиград.

Наводи

Категорија:Девол