Чипански мост () — стар камен мост кај селото Чипан во Загорско, Епир.
Мостот ја преминува реката Варда, десна притока на Арахтос, до современиот мост на патот Милотадес-Гребеници, на надморска височина од 575 м. Има вкупна должина од 60,8 м, ширина од 2,5 м и висина од 14,5 м. Мостот се одликува со неговиот среден лак со отвор од 26,3 метри и висина од 14,5 метри, кој го добил својот облик при грешка во неговата изградба. Северната страна на мостот се наоѓа во поплавната зона на реката, каде завршува со три помали издолжени лакови. Изграден е во 1875 г. со средства на Атанасиос Паспаљарис од Трстеник и на мештаните на Гребеници.
Во 1982 г. мостот е прогласен за заштитен споменик на културата.
Наводи
Категорија:Мостови во Епир Категорија:Споменици на културата во Загори