Зета Големо Куче, или ζ Големо Куче, исто така наречена Фуруд () — двоен ѕвезден систем во јужното соѕвездие на Големо Куче. Овој систем има привидна визуелна величина од +3,0, што ја прави една од посветлите ѕвезди во соѕвездието и оттука лесно видлива со голо око. Мерењата на паралаксата од мисијата Хипаркос даваат проценка на растојание од околу 362 светлосни години од Сонцето. Се оддалечува со радијална брзина од +32км/сек.
Име ζ Големо Куче, латинизирано од Zeta Canis Majoris, претставува бајерова ознака на ѕвездата, доделена од германскиот астроном Јохан Бајер во 1603 година.
Традиционалното име Фуруд или Пуруд потекнува од арапскиот збор ألفرود ел-фуруд „осамените“. Ова било ознака што раните арапски поети ја користеле за голем број анонимни ѕвезди. Подоцна арапските астрономи се обиделе да го идентификуваат името со одредени ѕвезди, главно во современите соѕвездија Кентаур и Голуб. Ѕвездите на Голуб биле доделени на Големо Куче во Алмагест, што довело до неодамнешно доделување на името за Зета Големо Куче.
Суфи ги нарекол овие ѕвезди како ألأغربة ал-ʼагриба „гавраните“.
Во 2016 година, Меѓународниот астрономски сојуз организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. Првиот билтен на РГИЅ од јули 2016 година вклучувал табела со првите две серии на имиња одобрени од РГИЅ; во кој бил вклучен и Фуруд.
Својства Бинарната природа на овој систем првпат ја забележал Г.Е. Педок врз основа на набљудувањата направени во 1906 година од опсерваторијата DO Mills во Чиле. Таа била потврдена во 1909 година од страна на СА Мичел, користејќи радијални мерења на брзината направени од ФЕ Харфам во 1908 година.. Таа е еднолиниски спектроскопски бинарен систем, што значи дека парот не е поединечно разрешен со телескоп, но гравитационите растројства на невидениот астрометриски придружник може да се забележат со поместувања во спектарот на примарниот предизвикан од Доплеровиот ефект. Парот орбитира околу нивниот заеднички центар еднаш на секои 675 денови со ексцентричност од 0,57.
Примарната компонента е голема ѕвезда со речиси четири пати поголем полупречник на Сонцето и речиси осум пати поголема од сончевата маса. Има ѕвездена класификација Б2.5 V, што значи дека е ѕвезда од главната низа од Б-тип која генерира енергија преку јадреното соединување на водород во неговото јадро. Ѕвездата емитира 3.603 пати поголема од сончевата сјајност и е сомнителна променлива ѕвезда од типот на Бета Кефеј. Оваа енергија се зрачи од нејзината надворешна обвивка на делотворна температура од околу 18.700 K, давајќи ѝ синобела нијанса на ѕвезда од типот Б. Таа е релативно млада за ѕвезда, со проценета старост од 32 милиони години.
Зета Големо Куче се наоѓа блиску до сончевиот антапекс.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:HR-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:HD-објекти Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Бајерови објекти Категорија:Големо Куче (соѕвездие) Категорија:Спектроскопски двојни ѕвезди Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот B