Софија Данева Арсова ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Пред војната била упатена во напредното работничко движење. Со почнувањето на вооруженото востание, како мајка, чии деца учествувале во НОВ, таа им пружила сестрана соработка. Во својот дом чувала илегален материјал, истиот го пренесувала до одредени пунктови, како и разни пораки. Како партиски курир на Месниот Комитет - Штип одржувала врски со Скопје, Битола и со политичките затвореници во Софија и Хасково, меќу кои бил и нејзиниот син Љупчо Арсов. И покрај тоа што нејзиното семејство било компромитирано пред окупаторот, Софија чувала во својот дом илегалци, познати партиски и воени раководители. Есента 1944 година била избрана за претседател на Извршниот одбор на АФЖ за Третиот окружен комитет на КПМ - Штип, а на 15 декември 1944 година и за член на Главниот одбор на АФЖ за Македонија.

Поврзано

Љупчо Арсов

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ