Пад () — британско-американски трилер за преживување од 2022 г., во режија и сценарио на Скот Ман (соавтор Џејмс Харис). Во филмот глумат Грејс Керолин Кари, Вирџинија Гарднер, Мејсон Гудинг и Џефри Дин Морган. Филмот го следи искачувањето на две девојки, Беки и Хантер, на телевизиска кула висока 610 метри (во распаѓање и чека рушење). По уривањето на скалите, девојките се наоѓаат заробени и е невозможно да се спуштат.
Премиерата на филмот во САД била на 12 август 2022 г., а во Македонија на 15 септември истата година.
Содржина Педесет и една болна седмица откако преживеала случка што ѝ го променила животот, Беки, емотивно кревка планинарка што се дави во морето од тага, неволно продолжува од каде што застанала за да се соочи со своите стравови. Додека пријателка што бара возбуда повторно влегува во уништениот живот на Беки, двете искусни планинарки тргнуваат во ризично патешествие до врвот на напуштената телекула Б67. Сега, двајцата смртници се обидуваат да ја освојат вознемирувачката, вртоглава 610-метарска конструкција од истрошен метал и чкрипави нитни во средината на пустината Мохаве. Но таму, дури и најмала грешка може да создаде неволја. Кога ризичното искачување не оди според планираното, двете девојки мораат да ја соберат последната грамка храброст и сила за да смислат план за безбедно враќање дома — или да умрат обидувајќи се.
Улоги
|Грејс Керолајн Кари |Беки |- |Вирџинија Гарднер |Шајло Хантер |- |Мејсон Гудинг |Ден |- |Џефри Дин Морган |Џејмс |- |Дарел Денис |Ренди
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2022 година Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик