Каслванија () — американска анимирана серија од Ворен Елис заснована на видеоиграта на Konami од 1989 г., Castlevania III: Drakula's Curse.
Серијата била премиерно прикажана на платформата Нетфликс на 7 јули 2017 г. Истиот ден, серијата била обновена за втора сезона од 8 епизоди, чија премиера била на 26 октомври 2018 г. Набргу по објавувањето на втората сезона, серијата била обновена за трета сезона од 10 епизоди, која пристигнала на Нетфликс на 5 март 2020 г. На 27 март 2020 г., било објавено дека ќе биде обновена за четврта сезона. Сезоната 4 била премиерно прикажана на 13 мај 2021 г. Серијата завршила со сезона 4. На 28 септември 2023 г. било објавено продолжението на серијата, Каслванија: Ноктурн.
Содржина Кога неговата човечка жена е запалена на клада откако е лажно обвинета за вештерство, вампирот Влад Дракула Цепеш изјавува дека сите жители на Влашка ќе платат со своите животи. Тој повикува војска од демони што ја обзема земјата, колејќи го населението и оставајќи ги преживеаните да живеат во страв и недоверба. За да се бори против ова, Тревор Белмонт, последниот жив член на некогашното легендарно семејство на ловци на чудовишта, се приклучува на борбата против силите на Дракула, помогнати од магот Сифа Белнадес и синот на Дракула, дампирот Алукард.
Епизоди СезонаЕпизодиДатуми на објавувањеПочналаЗавршила147 јули 20177 јули 20172826 октомври 201826 октомври 20183105 март 20205 март 202041013 мај 202113 мај 2021
Наводи
Надворешни врски
Frederator Networks, Inc. page Powerhouse Animation page Каслванија на Netflix
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Анимирани серии Категорија:Оригинални програми на Netflix