Омразената осумка () — американски вестерн на режисерот и сценарист Квентин Тарантино (Quentin Tarantino), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Семјуел Л. Џексон (Samuel L. Jackson), Курт Расел (Kurt Russell), Џенифер Џејсон Ли (Jennifer Jason Leigh), Волтон Гогинс (Walton Goggins), Тим Рот (Tim Roth), Мајкл Мадсен (Michael Madsen) и Брус Дерн (Bruce Dern). Филмските критичари позитивно ги оценила сценариото, музиката, фотографијата и глумата на Џејсон Ли. Автор на музиката е славниот композитор Енио Мориконе, кој ја освоил наградата „Оскар“ за најдобра оригинална музика. Џенифер Џејсон Ли била номинирана за „Оскар“ за најдобра глумица во споредна улога, додека Роберт Ричардсон бил номиниран во категоријата најдобра фотографија. Исто така, филмот бил номиниран за наградите БАФТА за најдобра женска споредна улога и за најдобро оригинално сценарио, додека победил во категоријата најдобра оригинална музика. Во овие категории, филмот бил номиниран и за наградите „Златен глобус“ при што Мориконе победил во категоријата најдобра музика, а тој бил номиниран и за наградите „Греми“ во две категории.Mrska osmorka, američki film (2015.) (пристапено на 23.11.2024)
Дејствието во филмот се случува веднаш по Американската граѓанска војна. Јунаците на филмот, ловците на глави и нивните случајни соседи, се принудени да чекаат зимска бура во една крчма. Филмот, објавен во есента 2013 г., првично бил замислен како продолжение на претходното дело на Тарантино, вестернот „Џанго разузданиот“. Во 2014 г., Тарантино го откажал проектот откако сценариото за филмот било објавено на семрежјето без негово знаење, но подоцна ја продолжил работата на филмот. Премиерата на филмот во САД се одржала на 25 декември 2015 г., а во Македонија на 7 јануари 2016 г.
Содржина Некое време по Американската граѓанска војна, кочија се движи низ зимскиот крајолик на Вајоминг. Ловецот на глави Џон Рут (го игра Расел) и неговата бегалка заробеничка Дејзи Домерг (ја игра Џејсон Ли) брзаат кон градот Ред Рок, каде Рут треба ја донесе Дејзи пред лицето на правдата. По патот, тие се среќаваат со мајорот Маркуиз Ворен (го игра Џексон), кој е озлогласен ловец на глави, и Крис Маникс (го игра Гогинс), кој тврди дека е новиот шериф на Ред Рок. Изгубени во виулица, друштвото бара засолниште во крчмата „Галантеријата на Мини“. Кога ќе пристигнат, ги пречекуваат непознати лица: Боб, кој тврди дека се грижи за местото додека Мини ја нема; Освалдо Мобреј, бесачот на Ред Рок; Џо Гејџ, говедарот; и конфедералистот Санфорд Смитерс. Како што виулицата ги надвладува падините на планината, осумте патници дознаваат дека можеби нема да стигнат до Ред Рок...
Улоги ГлумецУлогаСемјуел Л. ЏексонМаркуиз Ворен (ловецот на глави)Курт РаселЏон Рут (бесачот)Џенифер Џејсон ЛиДејзи Домерг (затвореничката)Волтон ГогинсКрис Маникс (шерифот)Демијан БичирБоб (Мексиканецот)Тим РотОсвалдо Мобреј (малиот човек)Мајкл МадсенЏо Гејџ (говедарот)Брус ДернСанфорд Смитерс (конфедералистот)Џејмс ПарксО. Б. ЏексонЧенинг ТејтумЏоди Домерг
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2015 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Квентин Тарантино Категорија:Вестерни Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Вајоминг Категорија:Филмови со Ченинг Тејтум Категорија:Филмови со Семјуел Л. Џексон Категорија:Филмови со Курт Расел Категорија:Филмови со Џенифер Џејсон Ли Категорија:Филмови со Волтон Гогинс Категорија:Филмови со Демијан Бичир Категорија:Филмови со Тим Рот Категорија:Филмови со Мајкл Мадсен Категорија:Филмови со Брус Дерн Категорија:Филмови со Џејмс Паркс Категорија:Американски вестерни