Бордерлендс () — американски научнофантастичен акционен комичен филм на режисерот и соавтор Илај Рот, заснован на истоимената серија видеоигри развиена од Gearbox Software. Кејт Бланчет ја глуми Лилит, злосторничка што се здружува со банда изгнаници за да ја најде ќерката на најмоќниот човек во вселената. Во филмот играат и Кевин Харт, Џек Блек, Едгар Рамирес, Аријана Гринблат, Флоријан Мунтану, Џина Гершон и Џејми Ли Кертис.
Премиерата на филмот во САД била на 9 август 2024 г., а во Македонија на 29 август истата година.
Содржина Заплетот се врти околу Лилит, озлогласена одметничка со таинствено минато. Таа се враќа на нејзината родна планета, Пандора, за да ја бара исчезнатата ќерка на злобникот на филмот, Атлас. За време на патувањето, Лилит се здружува со разновидна група сојузници: Роланд, вешт платеник; Тина, млада стручњакиња за избувливи средства; Танис, нетрадиционална научница; и Клаптрап, умен робот. Заедно, оваа неверојатна коалиција тргнува да го пронајде исчезнатото девојче.
Улоги ГлумецУлогаКејт БланчетЛилитКевин ХартРоландЏек БлекКлаптрапЕдгар РамиресДукелијан АтласАријана ГринблатСитната ТинаФлоријан МунтануКригЏина ГершонЛудата МоксиЏејми Ли Кертисд-р Патриша Танис
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски научнофантастични акциони филмови Категорија:Филмови на Lions Gate Entertainment