Алфа Херкул (α Herculis, скратено Alpha Her, α Her), исто така означенa како Расалгети и 64 Херкул — повеќекратен ѕвезден систем која се наоѓа во соѕвездието Херкул. Појавувајќи се како единствена светлосна точка со голо око, таа може да се разреши во голем број компоненти преку телескоп. Има комбинирана привидна величина од 3,08, иако најсветлата компонента е променлива по осветленост. Врз основа на мерењата на паралакса добиени за време на мисијата Хипаркос, таа е приближно 360 светлосни години (110 парсеци) оддалечени од Сонцето. Тоа е исто така блиску до друга светла ѕвезда, односно до Расалхаг.
Систем лево|мини| Поглед на Алфа Херкул преку мал телескоп. Компонентите А и В се решени со аголно одвојување од 4,64 '' (во 2020 година). Алфа Херкул е систем со тројни ѕвезди. Примарната (најсветлата) од трите ѕвезди, означена како α 1 Херкул или α Херкул A, е пулсирачка променлива ѕвезда на асимптотичната гранка на џинови (АГЏ). Примарната ѕвезда формира визуелен бинарен пар со втора ѕвезда, која сама по себе е спектроскопска бинарна.
Алфа Херкул, исто така, ги формира А и В компонентите на поширокиот систем означен WDS J17146+1423, со два дополнителни слаби визуелни придружници означени како WDS J17146+1423C и D. Двете побледи ѕвезди се далеку пооддалечени од тројниот систем.
Номенклатура α Херкул (латинизирано во Alpha Herculis) е Бајерова ознака на системот; α1 и α2 Херкул, се нејзините две видливи компоненти. 64 Херкул е Флемстидова ознака на системот. WDS J17146+1423 е ознака на поширокиот систем во Вашингтонски каталогот на двоѕвезди. Ознаките на главните компоненти на Алфа Херкул како Алфа Херкул A и B и четирите компоненти на поширокиот систем како WDS J17146+1423A, B, C и D, заедно со спектроскопскиот пар - Алфа Херкул Ba и Bb - произлегуваат од конвенцијата што ја користи Вашингтонскиот каталог (ВК) за повеќе ѕвездени системи, и усвоен од Меѓународниот астрономски созју (МАС).
Алфа Херкул го носела традиционалното име Расалгети или Рас Алгети ( или во превоед „Глава на коленото“). Глава“ доаѓа од фактот дека во антиката Херкул бил прикажан наопаку на мапите на соѕвездието. Во 2016 година, МАС организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. РГИЅ го одобрила името Rasalgethi за компонентата Алфа Херкул A (α1) на 30 јуни 2016 година и денес името на ѕвездата е вклучено во списокот со имиња на ѕвезди одобрени од МАС.
Терминот ra's al-jaθiyy или Ras al Djathi се појавил во каталогот на ѕвезди во Календарот на ел-Аксаси ел-Муакет, кој на латински бил преведен како Caput Ingeniculi.
Во кинеската астрономија, Алфа Херкул се нарекува 帝座, што значи „Царско седиште“. Ѕвездата се гледа како самата да се означува и стои сама во средината на астеризмот на Царското седиште.
Својства лево|мини| Светлинска крива за Алфа Херкул А, нацртана од податоците објавени од Wasatonic (1997) Алфа Херкул А и В се оддалечени повеќе од 500 АЕ, со проценет орбитален период од приближно 3600 години. А се претставува како релативно масивен црвен светол џин, но радијалните мерења на брзината укажуваат на придружник со период од редот на една деценија. Двете компоненти на В се примарна жолта џиновска ѕвезда и секундарна, жолтобела џуџеста ѕвезда во орбита од 51,578 дена.
Алфа Херкул А е асимптотична џиновска гранка (АГЏ), светлиот црвен џин кој има обвивки од водород и хелиум околу дегенерираното јадро на јаглерод-кислород. Таа е втората најблиска АГЏ ѕвезда до Сонцето. Нејзиниот полупречник пулсира помеѓу 264 и 303 сончеви полупречници. Во својот минимум, делотворната температура е и осветленоста е од 7.200 сончеви сјајности, додека во нејзината максимална температура е и сјајноста е од 9.330 сончеви сјајности. Кога Алфа Херкул би бил во средината на Сончевиот Систем, нејзиниот полупречник би се протегал покрај орбитата на Земјата на 1,231,4 АЕ, но не толку далеку од орбитата на Марс или астероидниот појас. Се проценува дека црвениот џин го започнал својот живот со околу .
Примарната ѕвезда е наведена како стандардна ѕвезда за спектралната класа M5 Ib-II. Како и повеќето ѕвезди од типот М при крајот на нивниот живот, Алфа Херкул доживува висок степен на губење на ѕвездената маса создавајќи ретка, гасовита обвивка која се протега најмалку 930 АЕ. Тоа е полуправилна променлива со сложени промени во осветленоста со периоди кои се движат од неколку недели до многу години. Најзабележливите варијации се јавуваат во временски размери од 80-140 денови и на 1.000 - 3.000 денови. Најсилниот период за откривање е 128 денови. Целиот опсег на осветленост е од светлинска величина 2,7 до 4,0, но обично варира во многу помал опсег од околу 0,6 величини.
Наводи
Надворешни врски
Атлас на универзумот: повеќе ѕвездени орбити Наопаку Херкулес покажува Алфа Херкулисети како глава: Херкулес
Категорија:Ѕвезди на асимптотската гранка на џинови Категорија:Суперџинови од типот M Категорија:Полуправилни променливи ѕвезди Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:HD-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:HR-објекти Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот F Категорија:Жолти џинови Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:Троен систем Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Бајерови објекти Категорија:Херкул (соѕвездие) Категорија:Двоѕвезди Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“