Микеле Ди Грегорио (роден на 27 јули 1997 во Милано) — италијански фудбалер, голман на Јувентус.

Биографија Роден во Милан, со потекло од Матера, тој го загубил својот татко Марчело на тринаесетгодишна возраст; во негова чест го истетовирал неговото име на подлактицата. Тој има сестра по име Анџела.

Во 2020 година, тој и неговата партнерка Саманта го добиле нивното прво дете, синот Марчело, крстен по таткото на Ди Грегорио.

Неговиот прекар е Digre.

Клупска кариера Почетоци Ди Грегорио израснал како фудбалер во младинскиот сектор на , со кого го освоил првенството Примавера во сезоната 2016-2017. Откако бил додаден во првиот тим во првите денови од летната турнеја, на 12 јули 2017 година, непосредно пред да наполни 20 години, тој бил позајмен во Ренате, клуб кој се натпреварувал во Серија Ц. По завршувањето на одличната сезона со бријанцолите, тој ја добил наградата за најдобар голман во групата А на Серија Ц лигата.

Новара и Порденоне На 4 јули 2018 година, тој бил позајмен на , исто така во Серија Ц; сепак, по објавувањето на банкротот на клубот од Кампанија неколку дена подоцна, на 24 август бил проследен со истата формула на Новара Калчо, во истата лига. Исто како и минатата, така и оваа година тој бил прогласен за најдобар голман во групата А, пред се благодарение на петте одбранети последователни пенали.

На 10 јули 2019 година, тој бил позајмен на новопромовираниот клуб во Серија Б, Порденоне. Дебитирал во втората по квалитет италијанска лига на 13 септември 2019, забележувајќи чиста мрежа во победата со 1-0 на домашен терен над Специја. Ди Грегорио одиграл одлична сезона и во Порденоне, бранејќи во 35 натпревари придонел фурланците да завршат на четвртото место и да се квалификуваат за плејофот, каде биле елиминирани од во полуфиналето.

Монца На 27 август 2020 година, тој бил позајмен на , новиот член на Серија Б. Покажувајќи се уште еднаш како сигурна опција меѓу стативите, Ди Грегорио бранел на 29 првенствени натпревари на Монца и ја сочувал својата мрежа празна 13 пати, само еднаш помалку од голманот со најмногу чисти мрежи за сезоната Вид Белец од Салернитана. Покрај тоа, тој уште еднаш се истакнал како одличен при бранење пенали, запирајќи четири од седумте удари против него од белата точка.

После одличната сезона во Монца, на 29 јуни 2021, неговата позајмица со клубот била обновена за уште една сезона, со обврска Бријанцолите да го купат за 4 милиони евра во случај да изборат промоција во Серија А. На 30 ноември, тој ја забележал својата прва асистенција во Серија Б, со фрлање на топката преку осумдесет метри за неговиот соиграч во нападот Кристијан Гјуткјер, кој го постигнал голот со кој бил поставен конечниот резултат во успехот со 4-1 над Козенца. На крајот на сезоната, тој изборил промоција во Серија А за која придонел со 41 настап (37 во регуларната сезона и 4 во плејофот) и 15 чисти мрежи; како резултат на тоа, на 29 мај 2022 година, Монца ја исполнила обврската и официјално го откупила Ди Грегорио, а Интер резервирал и 10% од идната продажба на голманот. Тој потпишал договор на три години со важност до јули 2025 година.

Своето деби во Серија А го направил на 13 август 2022, во поразот на домашен терен од со 1-2. Во својата дебитантска сезона во Серија А, Ди Грегорио забележал 37 настапи за бјанкоросите, добивајќи ја притоа и битката со интерната конкуренција претставена од новото засилување и многу поискусниот од него поранешен италијански репрезентативец Алесио Крањо. Тој бил вклучен меѓу тројцата кандидати за наградата најдобар голман на првенството, која потоа му била доделена на Иван Проведел. На 7 јули 2023 година, тој го продолжил договорот со клубот до 2027 година. Во сезоната 2023-2024 ги потврдил одличните настапи од претходната сезона и бил избран за најдобар голман на првенството.

Јувентус и Борнмут На 5 јули 2024 година, тој се преселил во , на заем од 4,5 милиони евра плус обврска за откуп утврдена на 13,5 милиони, плус максимално два милиони бонуси. На 19 август, тој го направил своето деби меѓу стативите за Јувентус во домашниот натпревар против Комо, забележувајќи чиста мрежа во победата со 3-0. На 17 септември, го направил своето деби во европските натпреварувања, започнувајќи како стартер во натпреварот од Лигата на шампионите добиен со 3-1 во Торино против ПСВ Ајндховен. По солидната прва сезона, во втората голманот наишол на неочекувани потешкотии, правејќи серија грешки кои директно се одразиле и на разочарувачката сезона на клубот.

На 25 август 2026, Ди Грегорио се приклучил на екипата Борнмут од Премиер лигата на Англија на платена позајмица со право на откуп.

Статистика на кариерата Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 1 септември 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2016-2017 ИнтерА 0 0 КИ 0 0 ЛЕ 0 0 - - - 0 0 2017-2018 Ренате Ц 33+1Плејоф. -30 + -2 КИ 3 -4 - - - - - - 37 -36 2018-2019 Новара Ц 30+2 -26 + -2 КИ 0 -0 - - - - - - 32 -28 2019-2020 Порденоне Б 33+2 -39 + -2 КИ 0 -0 - - - - - - 35 -41 2020-2021 Монца Б 27+2 -24 + -3 КИ 2 -2 - - - - - - 31 -29 2021-2022Б 37+4 -37 + -6КИ 1 -2 - - - - - - 42 -45 2022-2023 А 37 -49 КИ 0 -0 - - - - - - 37 -49 2023-2024 А 33 -35 КИ 1 -2 - - - - - - 34 -37Вкупно Монца 134 +6 -145 + -9 4 -6 0 -0 - - 144 -160 2024-2025 А 33 -32 КИ 1 0 ЛШ 8 -7 СИ+Скп 1+4 -2+-7 47 -48Вкупно во кариерата 274 -287 8 -10 8 -7 5 -9 295 -313

Титули Клупски Интер Кампионато Примавера : 1 2016-2017

Поединечни Серија А награди: 1 Најдобар голман: 2023-2024

Наводи

Надворешни врски

Микеле Ди Грегорио на soccerway Микеле Ди Грегорио на transfermakt Микеле Ди Грегорио на whoscored Микеле Ди Грегорио на espn Микеле Ди Грегорио на tuttocalciatori

Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Монца Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на АФК Борнмут Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1997 година