„Воденичарски приказни“ - збирка раскази од македонскиот писател Видое Подгорец. Книгата била издадена во 1995.Видое Подгорец, Воденичарски приказни, Скопје, 1995, „Григор Прличев“ (едиција Бреза)

Содржинa Збирката раскази се состои од 30 раскази, секој од нив насловен според приказната, а раскажува воденичарот Ќос, кој живее во напуштената воденица. Во расказите се вклопени и својствените, вешто составени песни на авторот кои одлично се вклопуваат во динамиката на раскажувањето и даваат посебен шарм. Во расказите главни протагонисти се птици, инсекти и разни други животинки кои живеат околу воденицата на потокот Сув Скок . Со топло, лирско раскажување се редат случките за украдената торба со приказни на дедото Благое, басновидниот расказ за лиска и гавранот, одбирањето на цар на птиците, бербата на лозјето, кражбата на мечката, секоја случка завршува со одредена поука или во стилот на народното анегдотско раскажување, ако не е вистина, не било ни лага.

Изданија на книгата Расказите „Воденичарски приказни“ се издадени во 1995година.

Прво издание од 1995 година како издание на издавачката куќа: „Григор Прличев“ (едиција Бреза). Книгата е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“ со ISBN број 9989-661-05-7.Видое Подгорец, Воденичарски приказни, Скопје, 1995, „Григор Прличев“ (едиција Бреза)

Наводи

Категорија:Македонски книги за деца Категорија:Дела на Видое Подгорец