Алфард , означена како Алфа Хидра ( α Hydrae, скратено Alpha Hya, α Hya ), е најсветлата ѕвезда во соѕвездието Водна Змија . Таа е единствена џиновска ѕвезда, поладна од Сонцето, но поголема и посветла. Оддалечена е околу 177 светлосни години .
Номенклатура α Hydrae ( латинизирано во Alpha Hydrae- Алфа Водна Змија ) е име според Бајеровото означување .
Традиционалното име Алфард доаѓа од арапскиот збор الفرد ( ал-фард ), што значи „поединец“, бидејќи нема други светли ѕвезди во нејзина близина. На Арапите им била позната и како „рбетот на змијата“. Во каталогот на ѕвезди во Календариумот на Ал Ачсаси Ал Муаккет, тој бил означен Сохеил ал Фард, што на латински бил преведен како Сохеил Солитарус, што значи светлиот осамен . Во 2016 година, Меѓународната астрономска унија организирала Работна група за имиња на ѕвезди (WGSN) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. Првиот билтен на WGSN од јули 2016 година вклучуваше табела со првите две серии на имиња одобрени од WGSN; во кој бил вклучено и името Алфард за оваа ѕвезда. Согласно на тоа , името е сега внесено во Каталогот на имиња на ѕвезди на IAU.
Европскиот астроном Тихо Брахе го нарекол Cor Hydræ, на латински за „срцето на Водната Змија“.
На кинески ,( ), што значи Ѕвезда, се однесува на астеризам кој се состои од Alphard, Тау1 Водна Змија, Тау2 Водна Змија, Јота Водна Змија, 26 Водна Змија, 27 Водна Змија, HD 82477 и HD 82428 . 中國星座神話, written by 陳久金. Следствено, самиот Алфард е познат како ( ), „Првата ѕвезда од ѕвездите“. Во античка Кина било дел од астеризмот наречен „црвена птица“. 香港太空館 - 研究資源 - 亮星中英對照表 , Hong Kong Space Museum. Accessed on line November 23, 2010.
Својства лево|мини| Западниот дел на Водна Змија, со Алфард најсветлата ѕвезда во близина на центарот Алфард има три пати поголема маса од Сонцето . Неговата проценета старост е 420 милиони години и еволуирала далеку од главната низа за да стане џиновска ѕвезда со спектрална класификација од К3 и класа на сјајност III. Аголниот дијаметар е измерен со интерферометрија, по корекција за рабно затемнување, тој дава вредност од . Ако се претпостави растојание од 54,3 парсеци (177 светлосни години), тогаш се добива физичка големина од .
Спектарот на Алфард покажува благ вишок на бариум, елемент кој вообичаено се произведува со s-процесот на нуклеосинтеза . Вообичаено, бариумската ѕвезда припаѓа на бинарен систем и аномалиите во изобилство се објаснуваат со пренос на маса од придружна бела џуџеста ѕвезда.
Прецизните мерења на радијалната брзина покажале варијации во ѕвездените радијални брзини и профилите на спектралните линии . Осцилациите се повеќепериодични со периоди од неколку часа до неколку дена. Се претпоставувало дека краткорочните осцилации се резултат на ѕвездени пулсирања, слични на сончевите. Пронајдена е и корелација помеѓу варијациите во асиметријата на профилот на спектралната линија и радијалната брзина. Мулти-периодичните осцилации го прават HD 81797 (Алфард) предмет на интерес за астеросеизмолошките истражувања.
Модерно наследство Алфард се појавува на знамето на Бразил, симболизирајќи ја државата Мато Гросо ду Сул .
Моделот на Тојота-Алфард е наречен по оваа ѕвезда.
Ликот Рој Алфард од јапонската серија на лесни романи Re:Zero е именуван по оваа ѕвезда.
Белешки
Наводи
Категорија:HR-објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:HD-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:Портокалови џинови Категорија:Портокалови сјајни џинови Категорија:Водна Змија (соѕвездие) Категорија:Бајерови објекти