Свети Харалампиј () — црква во селото Кумица, Мадемско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Ерисовско-светогорско-ардамерската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во 1862 г. како метох на Хиландарскиот манастир. Градбата претставува еднокорабна базилика без апсида, со димензии 11,3 м и 7,7 м. Во 1992 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.
Поврзано
Ерисовско-светогорско-ардамерска епархија
Наводи
Категорија:Цркви во Аристотел (општина) Категорија:Цркви во Ерисовско-светогорско-ардамерската епархија Категорија:Појавено во 1862 година