Лавиринт: Лек за смртта (, буквално: Тркачот во лавиринтот: Лек за смртта) — американски научнофантастичен акционен филм од 2018 г. во режија на Вес Бол; третиот дел од серијата Лавиринт.

Премиерата на филмот во САД била на 26 јануари 2018 г., а во Македонија на 25 јануари истата година.

Содржина Во епското финале на сагата Лавиринт, Томас ја води својата група избеганици Глејдерс на нивната последна и најопасна мисија досега. За да ги спасат своите пријатели, тие мораат да се пробијат во легендарниот последен град, лавиринт управуван од W.C.K.D. што може да испадне дека е најсмртоносниот лавиринт од сите. Секој што ќе успее да излезе жив, ќе ги добие одговорите на прашањата што Глејдерс ги поставуваат уште од првото пристигнување во Лавиринтот. Ќе успеат ли Томас и дружината да излезат живи? Или пак Ава Пејџ ќе го постигне своето?

Улоги ГлумецУлогаДилан О`БрајенТомасКаја СкоделариоТерезаКи Хонг ЛиМинхоТомас Броди-СангстерЊутВил ПолтерГалиВолтон ГогинсЛоренсЏанкарло ЕспозитоХорхеНатали ЕмануелХариетБари ПеперВинсПатриша КларксонАва ПејџЕјдан ГиленЏенсон

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__