__БЕЗСОДРЖИНА__ мини|Опкружувањето на црвениот хиперџин VY Големо Куче. OH/IR-ѕвезда — ѕвезда на асимптотската гранка на џинови (АГЏ), црвен суперџин или хиперџин која покажува силно хидроксилрадикално мазерско излачување и необична сјајност на близуинфрацрвени бранови должини.

Во многу доцните фази на АГЏ-развојот, ѕвездата развива суперветар со крајно голема загуба на маса. Гасот во ѕвездениот ветар се оддалечува од ѕвездата, со што се кондензира при ладењето, образувајќи молекули како вода (H2O) и силициум моноксид (SiO). Ова може да создаде зрнца од прашина, претежно силикати, кои ја затскриваат ѕвездата на пократки бранови должини, и ја прават силен ифранцрвен извор. Хидроксилните (OH) радикали се добиваат со фотолиза или со судирна дисоцијација.

До мазерско излачување може да дојде со истиснување на H2O или OH. OH-мазерите може да предизвикаат моќно мазерско дејство на 1.612 MHz, и ова се смета за главна одлика на OH/IR-ѕвездите. Многу други АГЏ-ѕвезди како миридите покажуваат послаби OH-мазери на други бранови должини како 1.667 или 22 MHz.

Примери OH/IR-ѕвезди

R Орел SY Орел WX Риби GX Еднорог IW Водна Змија QX Крма V437 Штит V669 Касиопеја V1300 Орел V1365 Орел V1366 Орел NSV 25875 W43A

OH/IR-суперџинови

S Персеј VX Стрелец VY Големо Куче AH Скорпија MY Кефеј PZ Касиопеја IRC −30308 NML Лебед IRC +10420 WOH G64

Белешки

Наводи

Категорија:Видови ѕвезди Категорија:Ѕвезден развој Категорија:Суперџинови од типот M Категорија:Хиперџинови од типот M