„Сребрена сончева роса“ — поезија за деца на македонската писателка Косара Гочкова.
Содржина Поезијата за деца собрана во стихозбирката Сребрена сончева роса на македонската писателка Косара Гочкова е поделена во пет различно именувани теми: Сонот на детството, Игра на цвеќињата, Утро во родниот крај, Шепот на времињата, Момини солзи. Со својата ангажирана поезија Косара Гочкова и во оваа своја збирка дава идиличен приказ на детството и сето она што го опкружува детето. Сребрена сончева роса, Косара Гочкова, 1983, Култура, Скопје
Изданија Првото издание е во 1983 година од издавачката куќа „Култура“, Скопје Сребрена сончева роса, Косара Гочкова, 1983, Култура, Скопје
Осврт кон делото Поезијата на Гочкова дише со едноствноста на изразот, со ритамот и римата кои лесно се помнат и остануваат во изградената стихувана слика на авторката. Читателот лесно може да се идентификува со стиховите и да се пронајде во секоја од песните, било тоа да е за пладнето или ластовицата, па дури и за истеченото млеко во кујната на мама. Тука се гледа мајсторството и вештината во стихотворењето на Гочкова, која на строг, концизен начин, без многу китење успева да создаде слика во главите на младите читатели.Сребрена сончева роса, Косара Гочкова, 1983, Култура, Скопје
Наводи
Категорија:Македонски книги за деца