Бренди Рајана Норвуд (англиски: Brandy Rayana Norwood; родена на 11 февруари 1979), позната по нејзиниот мононим Бренди ― американска пејачка, текстописец и глумица.
Норвуд продала преку 40 милиони албуми во светски рамки. Добитничка е на Греми награда и Американска музичка награда. Препознатлива е по нејзината специфична гласовна способност за што од критичарите во музичката индустрија го добила прекарот „Гласовна Библија“.
Живот и кариера Бренди Рајана Норвуд е родена на 11 февруари 1979 година, во Мекомб, Мисисипи. Нејзиниот татко, Вили Норвуд, бил госпел-пејач и хорист, а нејзината мајка, Соња Норвуд, била менаџер на музичари. Бренди има брат, Реј Џеј, кој исто така е познат пејач и глумец. Од најрана возраст, Бренди покажала интересирање за музика и почнала да пее на месни настани, учествувајќи во хорови и музички натпревари.
Во 1993 година, Бренди потпишала договор за снимање со Atlantic Recording Corporation. За да менаџира со кариерата на нејзината ќерка, мајка ѝ дала отказ од работата која дотогаш ја вршела, а Бренди се откажала од средното училиште во Холивуд и била приватно подучувана.
1993–1996: Издавање на албумот Brandy и телевизиска ѕвезда Нејзиниот прв албум, насловен „Brandy“ бил објавен кон крајот на септември 1994 година и се искачил на дваесетто место на американскиот Билборд 200. Албумот бил одлично прифатен од критиката. Исто така постигнал и огромен комерцијален успех со продадени преку шест милиони примероци, а три сингла од албумот се пласирале во топ-10 на Billboard Hot 100; „I Wanna Be Down“ и „Baby“ се искачиле на врвот на топ-листата за R&B и хип-хоп песни, а „Brokenhearted“ во дует со Вања Морис од Boyz II Men стигнала до второ место на топ-листите. Следната година Бренди била номинирана за Греми награда за најдобар нов изведувач и најдобра женска R&B вокална изведба, а освоила четири Soul Train награди, две Билборд награди и Њујоршка награда по избор на децата.
Во 1996 година Бренди почнала да глуми во ситкомот Моиша во кој ја глумела главната улога на Моиша Мичел, девојка од Лос Анџелес која има проблеми со маќеата, како и со притисоци и барања да стане возрасна. Бренди добила NAACP Image Award за извонреден млад глумец/глумица за нејзината изведба."Awards for Brandy Norwood". IMDb. Retrieved March 19, 2010. Серијата се емитувала 6 сезони.
1997–2001: Албумот Never Say Never и филмска кариера лево|мини| Норвуд на наградите „Есенс“ во 1997 година Во 1997 година, Витни Хјустон ја избрала Бренди за да го глуми насловниот лик во телевизиската верзија на Пепелашка во која глумеле и Џејсон Александар, Вупи Голдберг и Витни Хјустон. Со ова Бренди станала прва Афроамериканка која ја глумела Пепелашка во голема продукција. Следната година филмот добил „Еми“ за извонредна уметничка режија за естрада или музичка програма.
Бренди во 1998 година го издала нејзиниот втор студиски албум, „Never Say Never“, кој забележал уште поголем успех од нејзиниот претходен албум. Бренди напишала и продуцирала шест песни од албумот, вклучувајќи ја и нејзината прва песна на прво место на американската топ-листа Билборд Хот 100, „The Boy Is Mine“, дует со пејачката Моника која пак станала најуспешна песна од женски дует во музичката индустрија. Песната била една од најуспешните песни во Соединетите Американски Држави на сите времиња, поминала рекордни тринаесет недели на врвот на Билбордовите топ-листа и пејачките добиле Греми награда за најдобра R&B изведба од дуо или група.
Бренди дебитирала во игран филм со споредната улога на Карла Вилсон во слешерот Се уште знам што правевте минатото лето. На Rotten Tomatoes филмот добил лоша оцена од 7% врз основа на 46 критики, но Бренди била пофалена за нејзината изведба и била номинирана за Блокбастер награда и за филмска награда на МТV за најдобра женска пробивна улога."Awards for Brandy Norwood". IMDb. Retrieved March 19, 2010. Во 1999 година, заедно со Дајана Рос глумела во телефилмската драма Двојно платинест. Истата година, Норвуд учествувала на VH-1 Divas Live '99, заедно со Витни Хјустон, Тина Тарнер и Шер.
2002–Денес: Подоцнежна кариера Бренди продолжила да ја гради нејзината музичка кариера со албуми како: „Full Moon“ (2002), „Afrodisiac“ (2004) и „Human“ (2008). И покрај тоа што некои од овие изданија не постигнале исто ниво на комерцијален успех како претходните, тие биле добро прифатени од критиката и го покажале нејзиниот музички развој и зрелост. десно|мини| Бренди на концерт во 2004 година лево|мини| Норвуд на снимањето на Семеен бизнис во 2011 година Во април 2010 година, Норвуд и Реј Џеј дебитирале во реалното шоу на VH1, Бренди и Реј Џеј: Семеен бизнис во кој се појавуваат и нивните родители. A Family Business, компилациски албум со претходно необјавена музика од целата актерска екипа, бил објавен во јуни 2011 година.
Нејзиниот шести албум Two Eleven, кој бил објавен во октомври 2012 година забележал умерен комерцијален успех, што се сметало за скромно враќање на Бренди на музичката сцена.
Во април 2015 година, Бренди дебитирала на Бродвеј во мјузиклот Чикаго, во кој ја играла главната улога на Рокси Харт. Бренди ја повторила улогата во неколку наврати во 2016 и 2017 година.
Во јануари 2016 година, Бренди глумела во главна улога во ситкомот од BET, Зое засекогаш. Таа била и ко-извршен продуцент на серијата. Иако серијата имала респектабилна гледаност, Бренди одлучила да се повлече од серијата и набргу потоа била откажана.
Во ноември 2016 година, Норвуд станала втора добитничка на наградата Lady of Soul на Музичките награди Soul Train. Од јули 2018 година, Бренди редовно глумела во музичката драмска телевизиска серија на Fox Ѕвезда. десно|мини| Бренди во 2019 година Во 2019 година, Бренди добила “Награда од претседателот на BMI“ BMI наградите, организирани од Broadcast Music, Inc. Во јуни, соработувала со канадскиот пејач Даниел Цезар и во дует ја испеале песната „Love Again“. Во 2020 година песната била номинирана за Греми награда за најдобра R&B изведба.
Седмиот студиски албум на Бренди, В7, бил објавен во јули 2020 година. В7 дебитирал на 12-то место на Билборд 200 и добил претежно позитивни критики, а многу публикации го ставиле на нивните листи од најдобри албуми за 2020 година и бил номиниран за „Албум на годината“ на Soul Train Awards во 2020 година.
Во март 2021 година, Џон Леџенд ја избрал Бренди за ментор во дваесеттата сезона од натпреварувањето во пеење „Гласот“. Истиот месец, Бренди соработувала со Дизни на синглот „Starting Now“,тематската песна за музичката специјална емисија Disney Princess Remixed — An Ultimate Princess Celebration објавен во август 2021 година.
Во март 2022 година, Норвуд го издала „Nothing Without You“, дует со нејзината ќерка Сај Рај, снимен за саундтракот на комедијата „Поевтино од дузина“ (2022). Во октомври 2022 година, Норвуд била номинирана за најдобар светски изведувач на музичките награди од цела Африка за песната „Somebody's Son“, нејзината соработка со нигериската пејачка Тива Савиџ.
Во ноември 2023 година, Бренди го издала нејзиниот осми студиски албум, Christmas with Brandy, колекција од шест оригинални песни и шест преработени на божиќни песни. Неговото објавување се совпаднало со објавувањето на божиќната комедија на Нетфликс Најдобар Божик воопшто! , во режија на Мери Ламберт и со Бренди во главна улога.
На 7 јуни 2024 година, Бренди, заедно со Моника, глумела спикерка на вести во спотот од Аријана Гранде „The Boy Is Mine“. На 21 јуни 2024 година, Гранде ја издала „The Boy Is Mine (Remix)“, во која покрај неа пеат Бренди и Моника.
Во јули 2024 година, бил објавен филмот Наследнички: Подемот на црвено, самостојно продолжение на франшизата <i id="mwA34">Наследнички</i>, во кој Бренди ја репризирала улогата на Пепелашка и со песните „Love Ain“ 't It' (заедно со Рита Ора, Малија Бејкер и Кајли Кантрал) и „So This Is Love“ (заедно со Паоло Монталбан) придонела за саундтракот на филмот.
Предна соба, психолошки хорор-филм бил објавен во септември 2024 година, со Бренди во една од главните улоги.
Дискографија
Студиски албуми
Brandy (1994) Never Say Never (1998) Full Moon (2002) Afrodisiac (2004) Human (2008) Two Eleven (2012) B7 (2020) Christmas with Brandy (2023)
Наводи
Надворешни врски
Brandy at AllMusic
Brandy Norwood at the Internet Broadway Database
Категорија:Добитници на Греми Категорија:Американски кантавторки Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Американски хип-хоп пејачи Категорија:Американски манекенки Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Американски пејачки од 20 век Категорија:Американски пејачи и пејачки од 20 век Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Пејачи од Мисисипи Категорија:Пејачи од Калифорнија Категорија:Американски хип-хоп музичарки Категорија:Американски музички продуцентки Категорија:Американски гласовни глумици Категорија:Американски телевизиски глумици Категорија:Американски филмски глумици Категорија:Американски танчарки Категорија:Американски денс-поп музичари Категорија:Афроамерикански кантавторки Категорија:Афроамерикански манекенки Категорија:Глумици од Мисисипи Категорија:Глумици од Калифорнија