Духовденски вторник или Трет ден Духовден — христијански празник кој се слави ден по Духовденски понеделник, третиот ден од седмицата што започнува на Педесетница. Lucchese, Kathryn M. and Rylander ,Cathy "Folk like me: The read-aloud book of saints," Morehouse Publishing, 2008, , page 43. Духовден е подвижен празник во христијанскиот календар кој зависи од датумот на Велигден.
Празнување Духовденскиот вторник бил празник во Лутеранската црква во Германија во времето на Бах, кога сите големи празници се славеле три дена. За таа пригода Бах и други компонирале музика за кантата.
Порано бил државен празник во Данска и Шведска. Во Данска бил укинат на 26 октомври 1770 година, а во Шведска на 4 ноември 1772 година, и во двата случаи како дел од поголемите намалувања на бројот на празници.
Танцувачката поворка на Ехтернах се одржува на Духовденски вторник. Во 19 век, тоа било и повод на празникот Света Тета во Корнвол.Orme, Nicholas. English Church Dedications: With a Survey of Cornwall and Devon, p. 119. University of Exeter Press (Exeter), 1996.
Празнување во православието Во Православните цркви, Духовденскиот вторник е познат како „Трет ден Духовден“ и е дел од празникот Духовден. Манастирите, соборните и парохиските цркви често ја служат Божествената литургија на овој ден.
Поврзано Вилиброрд
Наводи
Категорија:Празници во јуни Категорија:Подвижни празници Категорија:Духовден