мини|Остаточен диск околу HD 181327, ѕвезда од типот F.
Ѕвезда од главната низа од типот F (F V) — — ѕвезда од главната низа (т.е. која согорува водород) од спектралниот тип F и сјајносната класа V. Имаат од маса од 1,0 до 1,4 поголема од Сончевата и површинска температура од 6.000 до 7.600 K.Табели VII and VIII. Овој температурен опсег им дава белузлава нијанса на ѕвездите од типот F кога се гледаат по атмосферата. Бидејќи ѕвезда од главната низа се нарекува џуџе, оваа класа може да се нарече и жолтобело џуџе (сосем различно од белите џуџиња, кои се остаток од ѕвезда). Значајни примери се Прокион A, Гама Девица A и BSIMBAD, записи за Гама Девица A, Гама Девица B, . и KIC 8462852.
Спектрални стандарди + Својства на типични ѕвезди од главната низа од типот FСпектралентипМаса ()Полу-пречник ()Сјајност ()Делотворнатемпература(K)Боенпоказател F0V 1,61 1,728 7,247.220 0,30 F1V 1,50 1,679 6,177.020 0,33 F2V 1,46 1,622 5,136.820 0,37 F3V 1,44 1,578 4,686.750 0,39 F4V 1,38 1,533 4,176.670 0,41 F5V 1,33 1,473 3,636.550 0,44 F6V 1,25 1,359 2,696.350 0,49 F7V 1,21 1,324 2,456.280 0,50 F8V 1,18 1,221 1,956.180 0,53 F9V 1,13 1,167 1,666.050 0,56
Системот на преработениот Јерксов атлас (Џонсон и Морган 1953) наведува дуста решетка од стандардни ѕвезди за џуџиња од типот F; меѓутоа, не сите опстанале до денес како стандарди.
Стожерите на класификацијата на MK-системот меѓу ѕвездите од главната низа од типот F (оние непроменети низ годиние кои го определуваат системот) се 78 Голема Мечка (F2 V) и Пи Орион (F6 V). Покрај овие два стандардна, Морган и КИнан (1973) ги вклучиле и овие стандардни ѕвезди: HR 1279 (F3 V), HD 27524 (F5 V), HD 27808 (F8 V), HD 27383 (F9 V) и Бета Девица (F9 V).
Други важни стандардни ѕвезди од MK-системот се HD 23585 (F0 V), HD 26015 (F3 V) и HD 27534 (F5 V). Двата члена од Хијадитесо речиси истоветни HD-ознаки (HD 27524 and HD 27534) се сметаат за силни стандарди за F5 V, и имаат речиси иста боја и величина.
Греј и Герисон (1989) даваат современа табела на стандардни џуџиња за поврелите ѕвезди од типот F. F1 и F7 ретко се наведуваат, но малку се имаат изменето со текот на годините во очите на стручњаците. Често користени стандардни ѕвезди од оваа класа се 37 Голема Мечка (F1 V) и Јота Риби (F7 V). Засега не се објавени стандардни ѕвезди за F4 V.
F9 V ја одредува границата помеѓу врелите ѕвезди класификувани од Морган и поладните ѕвезди класификувани од Кинан за еден степен подолу, и постојат несогласувања во литературата за тоа кои ѕвезди ја определуваат границата F/G. Морган и Кинан (1973) ги навеле Бета Девица и HD 27383 како стандарди за F9 V, но Кинан и Мекнил (1989) ја навеле HD 10647 како нивен стандард.
Животен циклус Ѕвездите од типот F имаат животен циклус сличен на ѕвездите од типот G. Тие соединуваат вородор и со време растат, претворајќи се во црвен џин кој соединува хелиум наместо водород кога хелиумот ќе се потроши. Откако ќе снема хелиум, тие почнуваат да соединуваат јаглерод. Кога ќе се потроши и јаглеродот, ѕвездите се ослободуваат од надворешните слоеви, создавајќи планетарна маглина, и во средиштето на маглината оставаат врело бело џуџе. Овие ѕвезди остануваат стабилни ~2-4 милијарди години. За споредба, ѕвездите од типот G (какво што е Сонцето) остануваат стабилни ~10 милијарди години.
Планети Некои од најблиските ѕвезди од типот F за кои се знае дека имаат планети се Ипсилон Андромеда, Тау Воловар, HD 10647, HD 33564, HD 142, HD 60532 и KOI-3010.
Животопогодност
Според некои проучувања возможно е планетите што кружат околу ѕвезди од типот F да имаат живот. Се проценува дека животопогодниот појас на релативно врела F0-ѕвезда би се протегал од 2,0 до 3,7 ае и помеѓу 1,1 и 2,2 ае за релативно ладна F8-ѕвезда. Меѓутоа, споредено со ѕвезда од типот G, главните проблеми на можните суштества во ова сценарио би биле посилната светлина и покусиот животен век на матичната ѕвезда.
Ѕвездите од типот F лачат многу посилни облици на светлинска енергиј како УВ-зрачење, што на подолг рок може да биде погубно по ДНК-молекулите. Доколку планетата е оддалечена од ѕвездата колку што е Земјата is од Сонцето и има слична амотсфера, суштествата на површината би биле изложени на 2,5 до 7,1 пати повеќе штетна УВ-светлина. Затоа, за суштествата да опстанат, хипотетичката планета би морала да има доволна атмосферска заштита како погуста озонска обвивка во горната атмосфера. Без силна озонска обвивка, суштенствата веројатно би можеле да живеат само во подводни или подземни средини, или пак ако имаат некаква телесна покривка (на пр. оклоп).
Наводи
Категорија:Видови ѕвезди