Џиновската секвоја (лат.: Sequoiadendron giganteum) е единствениот вид во родот Секвојадендрон (Sequoiadendron), и еден од трите видови на четинарски дрва познати како секвои класифицирани во фамилијата чемпреси (Cupressaceae) во потсемејството Sequoioideae, заедно со Sequoia sempervirens (обичната секвоја) и Metasequoia glyptostroboides (метасеквојата).

Џиновската секвоја е позната и под имињата Секвојадендрон (по родот) и Велингтонија. Џиновската секвоја уште е позната како и црвено дрво коешто се наоѓа во областите на Северна Калифорнија. Џиновската секвоја е најголемиот жив организам на планетата коешто живее околу 4900 години, а расте просечно 120 метри и е широка 11 метри. Во времето на диносаурусите имало разни врсти на секвоја, но со катаклизмата на диносаурусите пред 65 милиони години опстојале да живеат само две врсти на џиновска секвоја.

Наводи

Категорија:Чемпреси Категорија:Украсни дрва