Католичката црква Света Марија (турски: Santa Maria Katolik Kilisesi) — римокатоличка црква во Измир, Турција. Се наоѓа во старото франкиско маало во областа Конак. Црквата била изградена во чест на Богородица Марија и била отворена во 1698 година. Црквата ја направиле Францисканците кои биле населени во Измир. Денес се користи како италијанска католичка црква со францискански свештеници кои служат на заедница од околу 200 луѓе.
Архитектура Северната, јужната и источната фасада на црквата се со прилично едноставен дизајн, но главната фасада и внатрешниот простор имаат подобра и поукрасна изработка. Во внатрешноста на црквата се забележува имитација на античка архитектура, железниот таван и елаборираната апсида. Објектот бил поставен симетрично и надолжно во правец на исток-запад. Има еднокорабен базилички план. Има токени од ренесансата и барокот, што може да се видат во прозорците, колоните и материјалот што бил употребен во изградбата на црквата. Во црквата има многу коринтски столбови. Црквата има три врати: една главна и две странични врати. Главната врата во црквата се отвора само во обредни денови.
Поврзано Левантијци (латински христијани)
Наводи
Надворешни врски
Света Марија – Измир http://www.levantineheritage.com/smaria.htm Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Цркви во Турција