Американска свадба (), може да се сретне и како Американска пита 3: Свадба — американска комедија од 2003 г., напишана од Адам Херц, а во режија на Џеси Дилан. Тоа е продолжение на филмовите Американска пита (1999) и Американска пита 2 (2001) и е третиот во франшизата Американска пита. Ова требало да биде последниот филм во франшизата, завршувајќи го како трилогија; меѓутоа, четвртото филмско продолжение, Американска пита 4: Обединување, било објавено девет години подоцна, и франшизата се проширила во серија самостојни продолженија под колективниот наслов Американска пита ви претставува, што започнала со објавувањето на Музичкиот камп (2005).

Содржина Џим Левенстин конечно наоѓа храброст да ја замоли својата девојка Мишел Флаерти да се омажи за него. Таа се согласува, но проблемите не застануваат тука за Џим. Сега заедно со Пол Финч и Кевин Маерс, Џим мора да ја планира свадбата. За жал, Стив Стифлер е во градот и нема да дозволи свадбата да помине без самиот да не се забавува, што вклучува и организирање на тајна ергенска забава.

Улоги ГлумецУлогаЏејсон БигсЏим ЛевенстинШон Вилијам СкотСтив СтифлерАлисон ХаниганМишел ФлаертиЕди Кеј ТомасПол ФинчТомас Иен НиколасКевин МаерсЏенјуари ЏонсКејденс ФлаертиЈуџин ЛевиНоа ЛевенстинМоли Чикг-ѓа ЛевенстинДебора РашМери ФлаертиФред ВилардХаролд ФлаертиЏенифер КулиџЏенин СтифлерЏон ЧоЏон

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2003 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски младешки филмови Категорија:Американски комедии