„Кукова зима“ — драма на македонскиот писател Стефан Марковски, првпат објавена во објавена во четвртиот број на списанието „Современост“ за 2021 година.Никола Алтиев, „Метадрамски отслик на реалноста на македонските драмски автори и македонскиот театар – за драмата „Кукова зима“ од Стефан Марковски“, Современост, број 3, 2023, стр. 104.
Сиже Главниот лик во драмата, Весела Таговска, дава отказ од редакцијата во која работи со намера да работи како самостојна драмска авторка. Таа се пријавува на конкурсот за драмски текст распишан од еден од државните театри кој се наоѓа под ингеренција на в.д. министерот Гопе. Кулминацијата на дествието се случува кога група пензионери извршува грабеж, а учесник во грабежот е и таткото на в. д. министерот Гојчо. Потоа се открива дека биолошки татко на в. д. министерот е пензионерот Мирко. Кога министерот ќе се помири со сознанието дека ќе бид еразрешен од функцијата, тој психолошки ја прифаќа својата некогашан професија – глумата, решавајќи да стане дел од драмата на Весела, дури и по цена на поништување на конкурсот од новата директорка на театарот.Никола Алтиев, „Метадрамски отслик на реалноста на македонските драмски автори и македонскиот театар – за драмата „Кукова зима“ од Стефан Марковски“, Современост, број 3, 2023, стр. 104-105.
За драмата „Кукова зима“ е драма во чиј фокус е драмскиот автор, неговите предизвици и пречки при што авторот низ сопствената метадрама или „драма за драмата“, но и „драма во драмата“ се обидува да даде комичен приказ на состојбата во македонскиот театар. Во тој поглед, дури и името и презимето на главниот лик, Весела Таговска, ја содржи контрадикторноста на трагикомичната реалност на македонските драмски автори. Главната порака на оваа драма е храброста да се преземат чекори за да се следи внатрешниот поттик дури и по цена на напуштање на удобноста на познатото.Никола Алтиев, „Метадрамски отслик на реалноста на македонските драмски автори и македонскиот театар – за драмата „Кукова зима“ од Стефан Марковски“, Современост, број 3, 2023, стр. 105-106.
Наводи
Категорија:Дела на Стефан Марковски Категорија:Македонски драми Категорија:Појавено во 2021 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2021 година