1450 () — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1450 година од новата ера, 450. од вториот милениум, 50. од XV век и прва од 1450-тите.
Други календари Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6958 и 6959 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6200 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5210 и 5211 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2203.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1450 година се протега во 4086 и 4087, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4146 и 4147 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1993. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 853 и 854 исламска година. Настани
Јануари - декември 7 февруари - Џон де ла Пол, се ожени со Лејди Маргарет Бофорт. 26 февруари - Франческо Сфорца влегува во Милано по опсадата, станувајќи војвода на градот-држава и основајќи династија што ќе владее со Милано еден век. 15 април - Битка кај Формини: Француските војници на чело со Жан II Бурбон ја поразуваат англиска војска на чие чело се наоѓа Сер Томас Кирел кај Каен. 8 мај - Востание на Џек Кејд. 9 мај - Убиен е Абдал-Латиф Мирза. 13 мај - Карл VIII Шведски, кој исто така служи и како Карл I Норвешки, е прогласен за соборен од вториот престол, во полза на Кристијан I Дански. 6 јули - Каен се предава на Франција. 12 јули - Џек Кејд е убиен во престрелка. 12 август - Шербур Октевил, последната англиска територија во Нормандија, се предава на Франција. 5 октомври - Евреите се протерани од Долна Баварија по наредба на војводата Лудвиг IX. 3 ноември - Основан е Универзитет Барселона. 23 ноември - Прва опсада на Кроја: отоманската војска е принудена да ја повлечат опсадата.
Родени
12 февруари - Јеџон Чосон (п. 1469) 18 мај - Пјеро Содерини, фирентински државник (п. 1513) 22 јуни - Елеонора Арагонска, неаполска принцеза (п. 1493) 25 јули - Јакоб Вимпфелинг, ренесансен хуманист (п. 1528) 18 август - Марко Марулиќ, хрватски поет (п. 1524) 25 септември - Урсула фон Бранденбург (п. 1508) 12 ноември - Жак Савојски, принц на Савоја (п. 1486) непозната дата Вилијам Кејтсби, англиски политичар (п. 1485) Бартоломео Монтагна, италијански сликар (п. 1523) Хајнрих Исак, германско-холандски композитор (п. 1517) Џон Кабот , англиски истражувач (п. 1499) веројатно Камал уд-Дин Бехзад, персиски водач на Херат Хероним Бош, холандски сликар (п. 1516) Гаспар Корте-Реал, португалски истражувач (п. 1501) Хуан де ла Коса, шпански морепловец и картограф (п. 1510) Жоскен де Пре, холандски композитор (п. 1521) Хајнрих Исак, француско-фламански композитор (1517) Хјџ Олдам, бискуп од Ексетер (п. 1519) Пјетро Антонио Солари, италијански архитект (п. 1493) Петрус Таборита, холандски историчар и монах (п. 1527)
Без датум Педро Беругете, шпански ренесансен сликар.
Починале
9 јануари - Адам Молејнс, епископ на Чичестер 9 февруари - Агнес Сорел, љубовница на Шарл VII (р. 1421) 8 април - Сеџон Велики, владетел на Кореја (р. 1397) 2 мај - Вилијам де ла Пол, англиски воен водач (р. 1396) 9 мај - Абдал-Латиф Мирза 2 јули - Ранучо Фарнезе, италијански благородник (р. 1390) 18 јули - Франсоа I, војвода од Бретања (1414) 26 јули - Сесилија Невил, војвотка од Ворик (р. 1424) 15 август - Алберто да Сартеано, италијански монах (р. 1385) 27 август - Реџиналд Вест, англиски политичар (р. 1395) 31 август - Изабела Наварска, грофица од Арманак (1395) 16 септември - Луј Алеман, француски кардинал 22 септември - Вилијам Трезам, англиски политичар 1 октомври - Леонело де Есте, маркиз на Ферара (р. 1407) 3 ноември - Паола Колона, благородничка од Пјомбино (р. 1378) 5 ноември - Жан IV, гроф од Арманак (р. 1396)
Надворешни врски
41450