Света Ана — селска црква во битолското село Олевени, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа западно од денешното село, на повисок терен во планината, до кој се стигнува преку земјен пат, кој започнува од сретселото во денешното село Олевени.

Историја

Црквата заедно со уште три други храма постоеле на местото на некогашното старо село Олевени, а била обновена заедно со останатите во 1936 година.

Архитектура

Во самиот храм има вградено плоча со старогрчки натпис од 13 реда, кој потекнува од IV век пред н.е. Плочата е вградена лево од западниот влез во црквата, а внатре во нејзе во близина на јужниот ѕид се наоѓа и еден ранохристијански мермерен елемент. Според кажувањата на мештаните од Олевени, на местото на оваа црква се наоѓала и една мермерна скулптура, која градителите ја поставиле на постамент од цигли, прилепен до јужниот ѕид во внатрешниот дел на црквата, но набрзо потоа, некој ја украл.

За плочата се верува дека е споменик подигнат во чест на победата на кралот Филип V против ограбувачите Дарданци. Иако во голема мера редовите не се читливи, епиграфичарите успеале да идентификуваат и запишат неколку редови, а доказ дека се работи за споменик во чест на победата над Дарданците се забележува во последните три реда, каде слободено преведено пишува „Царот Филип за победата над Дарданците“.

Галерија

Поврзано Битолско архијерејско намесништво Бистричка парохија Олевени

Наводи

Надворешни врски

Олевени Категорија:Олевенски манастир