Дамски гамбит () — американска драмска минисерија заснована на истоимениот роман на Волтер Тевис. Создадена е од Скот Френк и Алан Скот за Нетфликс. Премиерата била на Нетфликс на 23 октомври 2020 г. Проектот станал најпопуларната минисерија во историјата на Нетфликс: 62 милиони луѓе ја гледале во првите четири недели. Серијата заработила сеопшто признание од критичарите за изведбата на главниот лик изигран од Ања Тејлор-Џој, како и за снимателската работа и висококвалитетното производство. Исто така, добила потврдни одзиви од шаховската заедница и е заслужена за оживување на јавниот интерес кон играта.

Содржина Дамски гамбит го следи животот на едно сираче што е шаховско чудо, Елизабет Хармон, за време на нејзината потрага да стане елитна шахистка додека се бори со емоционални проблеми и зависност од дрога и алкохол. Насловот на серијата се однесува на истоимениот шаховски отвор. Приказната е сместена во средината на 1950-тите и 1960-тите.

Приказната започнува во Лексингтон, каде што деветгодишната Бет, која ја изгубила мајка си во сообраќајка, е однесена во сиропиталиште. Настојникот на зградата, г. Шајбел, ја учи Бет на шах. Како што било вообичаено во 1950-тите, сиропиталиштето им дава на девојчињата дневни средства за смирување, од кои Бет станува зависна. Благодарение на замислувањето на шаховска табла на таванот и со ефект на седативи, Бет брзо станува добра шахистка. Случката со апчиња ја оддалечува Бет од таблата некое време. Неколку години подоцна, Бет е посвоена од Алма Витли и нејзиниот сопруг од Лексингтон. Како што се прилагодува на нејзиниот нов дом, Бет влегува на шаховски турнир и победува и покрај тоа што нема претходно искуство во натпреварувачки шах. Таа развива пријателства со неколку луѓе, вклучувајќи го и поранешниот шампион на државата Кентаки, Хари Белтик; надареното, но надмено дете чудо, Бени Вотс; и новинарот, фотограф и колега играч, Ди-Ел Таунс. Како што Бет продолжува да победува игри и да ги користи финансиските придобивки од нејзиниот успех, нејзината зависност расте...

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Телевизиски серии Категорија:Американски серии