Ресен () — село во Северна Бугарија. Административно припаѓа на општина Велико Трново, Великотрновска Област. Има население од околу 1.943 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во долината каде што реката Негованка се влева во реката Росица. Климата е умереноконтинентална - типична за Дунавската рамнина. Климатските услови го фаворизираат одгледувањето на градинарски и овошни култури. Ресен се наоѓа на 18 километри северно од Велико Трново и на 15 километри од античкиот град Никополис ад Иструм.

Образование Основно училиште „Христо Ботев“; Детска градинка.

Култура Етнографски музеј; Народно читалиште „Просвета“ основано во 1874 година.

Редовни настани Секоја година на празникот Димитровден во Ресен се одржува традиционална селска средба.

Спорт Фудбалскиот клуб на селото се вика ФК Ресен и се натпреварува на аматерски план во регионалните групи од Велико Трново. По 10-годишна пауза, тимот беше вратен во натпреварите во 2010 година.

Наводи

Надворешни врски Веб-страница на локалниот фудбалски клуб „Ресен“

Категорија:Села во Бугарија Категорија:Населени места во Општина Велико Трново