Барби () — американска фантастична комедија во режија на Грета Гервиг од сценарио напишано од Гервиг и Ноа Баумбах. Филмот, заснован на серијата играчки Барби на Mattel, станал првиот игран филм во живо за Барби по бројните цртани и специјали. Марго Роби и Рајан Гослинг ги глумат Барби и Кен, кои тргнуваат на патешествие од Барбиленд до вистинскиот свет за да решат егзистенцијални прашања. Во филмот играат и Америка Ферера, Кејт Макинон, Иса Реј, Рија Перлман и Вил Ферел.
Премиерата на филмот во САД и Обединетото Кралство била на 21 јули 2023 г., а во Македонија на 20 јули истата година.
Содржина Барби и Кен го поминуваат времето од својот живот во шарениот и навидум совршен свет на Барбиленд. Меѓутоа, кога ќе добијат шанса да одат во вистинскиот свет, тие наскоро ги откриваат радостите и опасностите од животот меѓу луѓето.
Улоги ГлумецУлогаМарго РобиБарбиРајан ГослингКенАмерика ФерераГлоријаМајкл СераАланАријана ГринблатСашаРија ПерлманРут ХендлерХелен МиренраскажувачкатаВил Ферелизвршниот директорЕмералд ФенелМиџЕрика ФордСкипер
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2023 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Британски филмови Категорија:Американски фантастични филмови