ОЈУДГ „Димче Мирчев” Велес ― детска градинка во Велес. Основана на 01.09.1959 година со Решение на Народен Одбор на град Велес. Првите години, работењето на Установата се одвивало во еден објект, но со текот на времето како се развивала потребата од згрижување на деца од предучилишна возраст се отвориле и другите објекти. Според Одлука на Влада (Сл. весник бр. 51/2005) за пренесување на основачките права и обврски над постојните јавни установи за деца-детски градинки на општините, објектите на ОЈУДГ „Димче Мирчев”се во сопственост на Општина Велес.

Историја Градинката започнала да работи од 1982 година. Дејноста градинката ја врши во 6 организациони единици кои функционираат и денес на територијата на Општина Велес. Детската градинка врши дејност и во други просторни услови во Општина Градско, врз основа на Одлука за основање на група за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст во Општина Градско и градинка во с. Караслари.

Услови   за  работа и  организациона  поставеност

Воспитно-образовната работа во детската градинка се изведува според  „Програмата за рано учење и развој“ и „Стандардите за рано учење и развој“. Од основањето на градинката до денес во градинката се изведува квалитетна воспитно - згрижувачка и јавна дејност, со што таа е препознатлива во општината и државата.

ОЈУДГ „Димче Мирчев” Велес има и своја сопствена химна која децата со радост ја пеат. Во текот на 2016 година на сите објекти на градинката биле поставени термоизолациони фасади преку проектот „Енерџинет“ проект кој бил финасиски поддржан од ЕУ. Планирањето на  воспитно - образовната  и згрижувачка  дејност  на Општинската јавна  установа за деца -  Детска градинка  „Димче Мирчев”  е според програмата за работа и во градинките се реализира од 1 септември до 31 август. Работно време на установата е од 05:30-18:00 часот се реализира според потребите на родителите. Воспитно - образовната работа во детската градинка се организира според возраста на децата во групи. Згрижувањето на децата во детската градинка по правило се остварува во хомогени групи односно хетерогени групи, во зависност од возраста на децата.

Во 2024 година во установата функционираат 7 јаслени, 39 градински групи. И во оваа 2024 тековна година во рамките на Установата функционира проектот: „Вклучување на деца - Роми во Јавните општински установи - Детски градинки во Република Северна Македонија” проект со кој можат да бидат вклучени најмногу до 20 деца.

ОЈУДГ „Димче Мирчев” Велес, воспитно - образовната работа ја  реализира  во 6  (шест)  организациони единици во Општина Велес, градинка во други просторни услови во Општина Градско, како и објектот во с.Караслари: Бројот на деца кои се згрижени во објектите секоја година е променлив.

Објект 1 „Маргаритки” -  ул. „Трајко  Панов”  бр.15 со  капацитет од 125 деца. Објект 2 „Сонце” -  ул. „Тодор Христов-Офицерчето” бр.1 со капацитет  од  260 деца. Објект 3 „Детелинки”- ул. „Тодор  Јанев” бр.7  со капацитет  од 180 деца. Објект 4 „Дизни” -  ул. „Благој  Ѓорев” бр.215 со  капацитет  од 120 деца. Објект 5 „Ѕвездички”-  ул. „Архиепископ Михаил” бр.158  со капацитет  од 100 деца. Објект 6 „Ѕвончица”-  ул. „Коле Цветков” бр.6 со  капацитет  од  125  деца. Објект 7 „Кокичиња”- Општина Градско - ул. „Маршал Тито” бр.68 со капацитет  од  32 деца. Објект 8 „Пинокио“ – с.Караслари со капацитет од 40 деца.

Кабинетиː

Логопедскиот кабинет за јазична говорна комуникација има за цел пружање на услуги за логопедска дијагностика, советување и терапија на пореметувањата во комуникацијата и јазично-говорната патологија кај децата, како и ублажување на потешкотиите и спречување на секундарните последици. Сензорната соба е опремена и наменета за деца со потешкотии во развојот. Деца деца кои манифестираат необично однесување како што е прекумерно барање или избегнување на активности, движења, звуци и светлосни дразби. Тоа се деца со развојни нарушувања, аутизам, елементи од аутистичен спектар, АДХД, забавен психомоторен развој, дисхармоничен развој, дисгнозија, диспраксија и дисхронија, деца со интелектуално нарушување, неразвиен говор (алалија, дисфазија), говорни нарушувања, емоционални нарушувања и други развојни потешкотии. Snoezelen собата е соба која е специјално опремена и стимулусот е контролиран. Snoezelen се користи кај деца со аутизам, растројства во развојот, повреди на мозокот како и за мали деца. Од најчестите истражувања кои ги покажале клиничките студии покажуваат дека во Snoezelen средината е намалена вознемиреноста и стереотипното однесување за 50%, а агресивното однесување и самоповредувачкото однесување за 75%. Овие соби се посебно дизајнирани да предизвикуваат кај децата, одмор, мир, добросотојба, задоволство и радост. Пријатното опкружување им навраќа на децата пријатни спомени. Со ова кај децата се зголемува потенцијалот за развивање на идеи. Бенефитот од постоењето на оваа соба секако не е наменет само за децата со потешкотии во развојот туку за сите деца кои доаѓаат во градинката да ја користат како една од стимулативните средини и место каде на еден поинаков магичен свет можат да осознаваат и учат.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Директор на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ - Велес

Новогодишни желби ги преточија во една волшебна бајка

https://www.youtube.com/user/gradinkaveles

https://deca.mk/dechina-od-veleshka-gradinka-napravija-kolachina-za-zdravstvenite-rabotnitsi-vo-znak-na-blagodarnost/

https://www.youtube.com/@gradinkaveles

Категорија:Детски градинки во Македонија Категорија:Образованието во Велес Категорија:Згради и градби во Велес Категорија:Појавено во 1959 година во Македонија