Експлозија на аниме! Што? Зошто? Леле! На јапонската анимација — книга со есеи за аниме напишана од Патрик Дражен. Објавена е на 1 јануари 2002 година од издавачката куќа Стоун Бриџ Прес. Првата половина од книгата објаснува и дефинира „што е аниме, што не е, и уште поважно, како се разликува од американските цртани филмови и особено од американската забава базирана на ТВ“. Во вториот дел се опишуваат филмови и режисери“. Книгата се користи како текст на курсот „Историја и уметност на анимацијата“ на Универзитетот Кларксон, во курсот "Јапонската анимација: Статична слика, Подвижни умови“ на Технолошкиот институт во Масачусетс и на курсот „Анимација: Историја и критика“ на Универзитетот Емори.
Осврти Михаил Куликов од Аниме Њуз Нетворк ја пофалил книгата затоа што била „преполна со информации“ и имала „валидни точки и интелигентни мислења“. Сепак, тој ја критикувал книгата за нејзината „мала севкупна кохезивност; повеќе наликувала на збирка на написи во форма на книга отколку книга“. Џон Ф. Барбер ја пофалил книгата како „навремен и фасцинантен водич за светот на анимето“. Ридван Кан од Анимефринџ ја критикувал книгата за нејзиниот „еклатантен пропуст“ на историјата на анимето бидејќи „70-тите и 80-тите (аниме) или се занемаруваат или се спомнуваат на миг“. Кан, исто така, ја критикувал корицата на книгата дека изгледала „премногу полна, премногу личи на стрип и премногу евтин поп“. Тој го пофалил Дражен за создавањето „конкретна основа во јапонската култура со само малку интелектуална смелост да го објасни анимето на начин што ја прави книгата исклучително интересна“.
Наводи
Категорија:Манга Категорија:Аниме