мини| Воздушен поглед на штетите на селата и инфраструктурата по циклонот Сидр, кој го зафатил јужниот дел на Бангладеш во 2007 година. Климатските промени се битно прашање во Бангладеш, бидејќи земјата е една од најранливите на последиците од климатските промени. Во публикацијата за 2020 година на Индексот за климатски ризик на Германватч, државата бил рангирана на седмото место на листата на земји најпогодени од климатски катастрофи во периодот од 1999-2018 година. Погоденоста на Бангладеш на ефектите од климатските промени зависи од комбинацијата на географски фактори, како што е неговата рамна, ниска и делта-изложена топографија и социо-економски фактори, ја вклучува и големата густина на населението, нивото на сиромаштија и зависноста од земјоделството. Влијанијата и потенцијалните закани вклучуваат пораст на нивото на морето, пораст на температурата, криза за храна, суши, поплави и циклони.

Фактори како што се чести природни катастрофи, недостаток на инфраструктура, висока густина на население (174 милиони луѓе кои живеат на површина од 147.570 км2), екстрактивистичката економија и социјалните разлики ја зголемуваат ранливоста на земјата во соочувањето со сегашните променливи климатски услови. Скоро секоја година големите региони на Бангладеш се погодени од од поинтензивни катасрофи како циклони, поплави и ерозија. Споменатите негативни настани го забавуваат развојот на земјата со тоа што ги доведуваат социо-економските и еколошките системи речиси до границите на колапс.

Поврзано

Животна средина на Бангладеш Енергетската политика на Бангладеш Обновливи извори на енергија во Бангладеш

Наводи

Категорија:Климатски промени по земја Категорија:Климатски промени во Бангладеш Категорија:Клима во Бангладеш