Џули Лондон (англ. Julie London; родена како Џули Пек, 26 ноември 1926 – 18 октомври 2000) ― американска пејачка и глумица чија кариера траела повеќе од 40 години. Била позната по нејзиниот контралт-глас и во периодот од 1955 до 1969 година снимила над триесет албуми со поп и џез-музика. Нејзината верзија на „Cry Me a River“, од нејзиниот прв албум Julie Is Her Name, била внесена во Гремиевата куќа на славата во 2001 година. Покрај музичките успеси, Лондон била номинирана за наградата Златен глобус во 1974 година за нејзината улога на медицинската сестра Дикси Меккол во телевизиската серија Брза помош! (англ. Emergency!)

Живот и кариера лево|мини| Џули Лондон во Шоуто на Гери Мур, 1958 година Џули Пек била родена на 26 септември 1926 година, во Санта Роза, Калифорнија. Нејзините родители биле професионални водвиљски музичари. На тригодишна возраст, семејството се преселило во Сан Бернандино и таа уште од најмала возраст научила да пее и да свири на различни инструменти. Во 1941 година, со семејството се преселила Холивуд во Лос Анџелес. Во тинејџерските години почнала да пее во месни ноќни клубови во Лос Анџелес. Дипломирала на Холивудското професионално училиште во 1945 година и во текот на средното училиште работела како оператор во лифт во центарот на Лос Анџелес.

Кариера десно|мини| Лондон и Ричард Лонг во Големата долина 1968 година Во 1943 година, додека работела како оператор во лифт во Холивуд, Лондон се запознала со Сју Керол, агентка за таленти и тогашна сопруга на актерот Алан Лад. Керол ја забележала физичката убавина на Лондол и ѝ помогнала на неколку аудиции за филмски улоги, а Лондон потпишала договор со неа. Додека работела на нејзината втора работа во продавница за машка облека, Лондон се запознала со фотографот од Esquire, Хенри Воксман; тој направил неколку фотографии со неа кои се појавиле во ноемвриското издание на списанието во 1943 година. Овие фотографии ѝ помогнале да се утврди како пин-ап девојка за време на Втората светска војна.

35-годишната филмска кариера, Лондон ја започнала во 1944 година во филмот Небонга, а потоа добила главни женски улоги во многу вестерн-филмови; глумела заедно со Рок Хадсон во Дебелиот човек (1951), со Хосе Ферер во The Great Man (1956), со Роберт Тејлор и Џон Касаветис во Седло на ветрот (1958), со Гари Купер во „Човек од западот“ (1958) и со Роберт Мичум во „Прекрасна земја“ (1959).

Лондон снимила 32 музички албуми во текот на нејзината кариера која започнала во 1955 година со настап во живо во клубот 881 во Лос Анџелес. Нејзиниот прв албум Julie Is Her Name бил објавен во декември истата година. На албумот се наоѓала и нејзината најпопуларна пена, „Cry Me a River“. Билборд ја прогласил за најпопуларна пејачка за 1955, 1956 и 1957 година.

Други нејзини познати албуми биле: Lonely Girl (1956), About the Blues (1957), Julie...At Home (1960) и Nice Girls Don't Stay for Breakfast (1967). десно|мини| Лондон со Џон Касаветис во Седло на ветрот (1958) лево|мини| Лондон и нејзиниот втор сопруг Боби Труп во првата сезона од Брза помош! Џули Лондон голема популарност стекнала и со нејзината улога во ТВ-серијата Брза Помош! (1972–1979), каде што го играла ликот на медицинската сестра Дикси Мекол, а исто така била извршен продуцент.

Личен живот мини| Џули и Џек Веб со Стејси и Лиза, 1953 година Во 1947 година, Лондон се омажила со глумецот Џек Веб. Нивната врска делумно се засновала на нивната заедничка љубов кон џез-музиката. Имале две ќерки, Стејси и Лиза. Лондон и Веб се развеле во 1954 година. Џули се омажила за Боби Труп во 1959 година. Џек Веб починал на 23 декември 1982 година. Стејси Веб загинала во сообраќајна несреќа во 1996 година, еден ден по 70-тиот роденден на нејзината мајка. Останала во брак со Труп до неговата смрт во 1999 година и заедно имале три деца.

Здравствени проблеми и смрт Во 1980-тите години, по низа здравствени проблеми, Лондон се повлекла од јавниот живот. Таа била страствен пушач од 16-годишна возраст и на моменти пушела повеќе од три кутии цигари дневно. Имала мозочен удар во 1995 година и следните пет години била во лоша здравствена состојба. Кон крајот на 1999 година, ѝ бил дијагностициран рак на белите дробови, но го напуштила третманот поради нејзината ослабена физичка состојба. Починала на 18 октомври 2000 година, од срцев удар; имала 74 години.

Лондон била кремирана и погребана до нејзиниот сопруг, Труп, на гробиштата во Лон-Холивуд Хилс во Лос Анџелес.

Наследство Лондон ја извела песната „Cry Me a River“ во филмот The Girl Can't Help It (1956), а нејзината изведба подоцна привлекла внимание поради тоа што била употребена во филмовите Скриена страст (2000) и В за Вендета (2006). Песната била рангирана на 48-мо место на списокот „50 најдобри џез-вокали“ според американската непрофитна организација NPR, а во 2001 година била примена во Гремиевата куќа на славата.

Неколку современи музичари, вклучувајќи ги Лана Дел Реј и Били Ајлиш ја навеле како влијание.

Наводи

Извори

Надворешни врски

(cenotaph) (reburied with husband Bobby Troup) Julie London – The Ultimate Fan Site Julie London at TriviaTribute.com

Категорија:Пејачи од Лос Анџелес Категорија:Американски театарски глумици Категорија:Американски џез-пејачи Категорија:Американски кантавторки Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Американски џез-пејачки Категорија:Американски пејачки од 20 век Категорија:Починати во 2000 година Категорија:Родени во 1926 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Вестерн глумици Категорија:Свинг пејачи Категорија:Традиционални поп-пејачи Категорија:Американски телевизиски глумици Категорија:Американски радио-глумици Категорија:Американски филмски глумици Категорија:Глумици од Лос Анџелес