Били Бар — американски научник аматер познат по неговата колекција од преку 50 години податоци за нивото на снегот, температурите и миграцијите на животните во Карпестите Планини Колорадо. Збирката на податоци на Бар е препознаена како критичен доказ за ефектите од климатските промени.The Hermit Who Inadvertently Shaped Climate-Change Science, The Atlantic, January 12, 2017
Живот и работата Бар пораснал во Трентон, Њу Џерси.Q&A: Billy Barr - 5280 Во 1972 година, како студент-истражувач од Универзитетот Ратгерс, се вработил на краткорочна работа во биолошката лабораторија на Карпестите Планини за мерење на квалитетот на водата во близина на Крестед Бјут во планините Западен Елк, Колорадо. По некое време, се појавил во еден локален весник како ексцентричен планински пустиник."Colorado mountain is home to a thoroughly modern hermit" Arizona Republic, June 1, 1982, p. 17 (the reference provided in The Atlantic article, retrieved January 13, 2017)
Во средината на 1970-ти години, со првична намера да избега од здодевноста на живеењето на оддалечената локацијата на Готик Планина, Бар започнал прецизно да собира податоци за животната средина со мерење на длабочината на снегот, температурите и забележувајќи го пристигнувањето на различните видови на пролет. Отприлика во исто време, тој станал „неофицијален чувар“ на биолошката лабораторија на Карпестите Планини. Кон крајот на 1990-тите, резидентниот еколог на лабораторијата Дејвид Инује го препознал значењето на податоците на Бар и почнал да ги споделува со други научници. Оттогаш, записите на Бар се користени во бројни научни статии за климатските промени.
Документарниот филм „Снежниот чувар“ од 2016 година е посветен на Бар.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Научници аматери