десно|мини|300x300пкс| Pandalus borealis е еден од издржливите видови првично избрани да се чуваат во Абисална кутија (Abyss Box) десно|мини|575x575пкс| Длабоки морски зони Абисална кутија — сад кој содржи 16 литри вода со многу висок притисок од 18 мегапаскали за да се симулира природната подводна средина на батијалната фауна која живее на околу 1.800 метри под површината. Изложен е во аквариумот Океанополис во Брест во Франција.Hannah Hoag, Wired Magazine, 06.19.12 ABYSS BOX DISPLAYS DEEP-SEA ANIMALS UNDER PRESSURE Дизајниран е од францускиот истражувач Брус Шилито од Универзитетот Пјер и Марија Кири во Париз.Jennifer Welsh, Deep Sea Life On View in 'Abyss Box' NBC News, 2/21/2012

Целата опрема што го одржува екстремниот притисок во Абисалната кутија тежи 600 кг Уредот ги одржува живи суштествата кои живеат длабоко за да можат да се проучуваат, особено во однос на нивната приспособливост на потоплите температури на океаните. Во моментов во Абисалната кутија се сместени само обичните видови длабокоморски суштества, вклучително и длабочински рак, Bythograea thermydron и длабокоморските ракчиња, Pandalus borealis, кои се некои од поиздржливите видови со повисока стапка на преживување во средини под притисок.The age of Aquarius: Inner space is almost as hard to explore as outer space The Economist, March 31, 2012 Изложената фауна била собрана од Виктор 6000, специјализирано возило на далечина.

Поврзано

Абисална рамнина Длабоко море Длабокоокеанска вода

Наводи

Надворешни врски

Deep Sea Foraminifera – Длабокоморска фораминифера од 4400 метри длабочина, Антарктик - галерија со слики и опис на стотици примероци Истражување на длабоките океани на порталот Смитсонијан океан Длабокоморски суштества Факти и слики од најдлабоките делови на океанот Колку е длабок океанот Archived Факти и инфографик за длабочината на океаните

Категорија:Морска биологија Категорија:Длабоководни риби Категорија:Океанографија Категорија:Брест (Франција) Категорија:Ефекти од климатски промени Категорија:Климатски промени и околината