Џон Хардкасл (-) — новозеландски научник-аматер и пионер во проучувањето на палеоклиматологијата.Smalley,I.J. 1983. John Hardcastle on glacier motion and glacial loess. Journal of Glaciology 29, 480–484
Животопис Хардкасл е роден во Вејкфилд, Јоркшир, Англија во 1847 година. Со семејството се преселил во Нов Зеланд во 1858 година. Поголемиот дел од својот живот го поминал на Јужниот Остров, главно во Тимару каде на крајот станал уредник на весникот Тимару Хералд.
Тој бил посветен и способен научник-аматер кој напишал неколку трудови, најзначајни во публикациите на Новозеландскиот институт (претходник на Кралското друштво на Нов Зеланд). Проучувал наоѓалишта на лес во близина на Тимару и на основа на неговите набљудувања успеал да покаже како овие лесови ги одразуваат минатите климатски промени. Покажал дека потеклото на лесот е поврзано со ледниците во Јужните Алпи и истражувал како се движат ледниците и како се пренесуваат седиментите. Неговиот најважен научен труд била кратка книга за геологијата на Јужен Кантербери, која повторно била објавена во 2014 година.
Починал на 12 јуни 1927 година и бил погребан во Тимару.
Наводи
Категорија:Починати во 1927 година Категорија:Родени во 1847 година Категорија:Палеоклиматолози Категорија:Новозеландски климатолози