Петре Димовски, роден со името Петре Миланов Димовски (Крива Круша, 1 февруари 1920 ― Раштани, 10 септември 1944) ― македонски партизан, дел од НОВМ. Член во комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Партизан во осмата македонска ударна бригада. Деец во Народноослободителната борба во Македонија против бугарските и германските окупатори. За време на Битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал. Во споменикот за загинатите во битката, неговото име е грешно претставено како Петре М. Димов.

Животопис Роден е во азотското село Крива Круша во сиромашно земјоделско семејство. Димовски никогаш не завршил средно училишно образование ниту ни основно школско образование и останал полуписмен цел живот. Заради неговите услови тој одлучил да работи како земјоделец заедно со неговото семејство.

За време на ослободителната војна Димовски одлучил да се приклучи во народната македонска војска. Тој станал член во комунистичката партија на Југославија и комунистичката партија на Македонија. Во 2-ри септември 1944 година тој бил сведок за формирањето на осмата македонска ударна бригада во велешкото село Отиштино. Тој бил дел од втората чета на четвртиот баталјон на бригадата. Во 10-ти септември истата година припатувањето на бригадата се сретнале со германските непријателски воени единици. Во судирот кај месноста Раштански Колиби, источно од Раштани, Димовски храбро и трагично загинал, после војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во неговото родно село, којшто денес е раселено.

Наводи

Категорија:Луѓе од Крива Круша Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во Битката кај Раштански Колиби