мини| Двојазична плоча во катедралата Свети Викентиј Паулски, Тунис, во чест на папата Виктор I (р. н.е. 189–199), кој потекнувал од Римската провинција Африка и, според тоа, можеби од денешен Тунис. Катедралата Свети Викентиј Паулски ( , ) е римокатоличка црква лоцирана во Тунис, Тунис. Катедралата е посветена на Свети Викентиј Паулски, заштитник на добротворството.
Опис Катедралата е епископско седиште на Архиепископијата на Тунис и се наоѓа на Плоштадот на независноста во Вил Нувел, раскрсница помеѓу Авенијата Хабиб Бургиба и Авенијата де Франс, наспроти француската амбасада. лево|мини| Катедралата во 1932 година Црквата е дизајнирана од Л.Бонет Лабранш, и претставува микс на стилови, вклучувајќи Неомаварска архитектура, Неоготика, и Неовизантиска архитектура. Темелите биле поставени во 1890 година,а изградбата започнала во 1893. Црквата била отворена за Божиќ во 1897 година, но без нејзината камбанарија поради недостиг на финансиски средства. Армирано-бетонските кули биле завршени во 1910 година користејќи хенебикова техника.
Кардиналот Чарлс Лавигери го поставил првиот камен-темелник за црква на 7 ноември 1881 година, малку подалеку од авенијата де ла Марин (сега Авенија Хабиб Бургиба). Оваа катедрала била про-катедрала ; односно катедралата на надбискупијата. Про-катедралата била изградена брзо, но нејзината состојба набрзо се влошила поради неповолните услови во земјата, поради што била потребна изградба на сегашната катедрала.
Бројот на римокатолиците во Тунис брзо се намалил по независноста на Тунис од Франција. Модус вивенди постигнaле Република Тунис и Ватикан во 1964 година кој резултирал со трансфер на избрани згради во сопственост на туниската држава за јавна употреба, вклучувајќи го и Акрополот Картагина во Картагина. Сепак, катедралата Свети Викентиј Паулски останала во сопственост и функционирање на Римокатоличката црква во Тунис.
Поврзано
Црква Свети Луис во Картагина Тунис (град)
Белешки
Надворешни врски
Архиепископија на Тунис страница Катедралата Свети Викентиј Паулски на structurae
Категорија:Неомаварска архитектура Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Римокатолички цркви во Тунис Категорија:Неовизантиска архитектура во Тунис