Битката кај Раштански Колиби ― воена битка помеѓу 8та македонска ударна бригада и дивизија од германскиот гарнизон во градот Велес. Битката се одвивала во територијата позната како Раштански Колиби, што се наоѓа помеѓу точката Гроот и велешкото село Горно Оризари. Времетраењето на битката не е конкретно познато, но во македонската историографија е прифатено дека траело околу 1 до 3 часа. Битката била првиот судир на непријателски сили на Осмата македонска ударна бригада.
Заради многумина причини, како недостаток на материјали, недостаток на куршуми, лоша и неразвиена комуникација и тоа што голем дел од партизаните немале воено искуство, околу петнаесет партизани храбро и трагично загинале во битката. После војната споменик бил сместен во местото каде што се одвивала битката, споменикот содржил плоча со имињата на сите тие којшто загинале, но голем дел од имињата биле грешно претставени и некои имиња не биле присутни.
Битката е позната како „борбено крштевање“Дефиниција на терминот „борбено крштевање“ од Дигитален речник на македонскиот јазик на Осмата македонска ударна бригада. После неколку часа германските воени сили немале куршуми и одлучиле да се повлечат назад кон градот Велес. По два месеци голем дел од партизаните што биле присутни во битката имале голема учество во ослободувањето на градот Велес и завршните операции за ослободувањето на Вардарска Македонија.
Заднина
Основањето на бригaдата Во август 1944 година Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија ги известила Киро Чауле, Павле Игновски, Боро Мокров, и Никола Митевски за одлуката донесена што го одобрило основањето на велешката ударна бригада. Во тоа време партизанските одреди на Киро Чауле и другите се наоѓале во велешкото село Мелница. Тие очекувале дека основањето и организирањето на новата македонска бригада би се одвивала во селото но ГШ на НОБ и ПОМ им истакнале дека треба да ја основаат бригадата во побезбедно место во некој ридски реон.
Во спомениците на Никола Митевски тој истакнал како бил среќен кон одлуката и како голем дел од велешаните во велешко-прилепскиот партизански одред „Трајче Петкановски“ и 5та македонска ударна бригада. Условите за основањето на бригадата биле поволни заради тоа што имало материјали собрани од тие којшто биле восхитени кон ослободителното движење и имале многумина доброволци од различни велешки села како Војница, Крива Круша, Бањица и Отиштино. По известувањето дека им било одобрено да формирале македонска бригада, Киро Чауле, Павле Игновски, Боро Мокров, и Никола Митевски бил поканети во средба со водачите на главниот штаб на 5та македонска ударна бригада. Во средбата се договориле дека идните водачи на новата македонска ударна бригада би бил македонскиот партизан Киро Чауле.
Во средбата се договориле за местото на формирањето на бригадата. Водачите на одредите и бригадите одлучиле дека најповолно место за формирањето на бригадата било велешкото село Отиштино. Пристигнале во селото кај почетокот на септември 1944 година и брзо почнале да ги спремат условите за бригадата. Првата одлука којшто ја направиле е разделувањето на партизаните со воено искуство од партизаните којшто се приклучиле во народната ослободителна војска без воено искуство. Тие исто така примиле неколку прилепчани во бригадата но голем дел останале во 5та македонска ударна бригада. Во составот на бригадата целосно биле приклучени велешко-прилепскиот партизански одред „Трајче Петкановски“.
Освен партизани тие исто така примиле затвореници од Идризово којшто во тоа време било управено од страна на бугарски којшто биле соработници со фашистичката влада во Бугарија и нацистите од Третиот Рајх. Конечно во 2-ри септември 1944 година со новодојдени борци и партизаните со воено искуство се формирала осмата македонска ударна бригада со четири баталјона и приштабски единици во нејзиниот состав. Во составот на бригадата биле вклучени околу 500 партизани. Голем дел од нив немале воена униформа ниту материјалите или куршумите потребни за војната. Облеката на партизаните била донесена од самите партизани, сите имале различна облека но имале иста капа со петокраки ѕвезди.
Структура Бригадата имала посложена структура со разлика на многумина други бригади во тоа време. Најмоќните членови во бригадата се тие којшто се дел од бирото, бирото е составено само од пратеници од Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија. Во првите недели на бригадата немале право да си ги користат оружјата освен ако добиле одобрување од бирото. После ослободувањето на Скопје и навлегувањето на бригадата во Косово бирото станало неактивно, најистакнатите членови во бирото биле Коче Џипуновски и Иван Ивановски, двајцата биле членови во СКОЈ.
Во структурата исто така е присутна Комунистичката партија на Македонија. Но со разлика на другите органи тие немале никакво влијание врз одлуката на бригадата, нивната главна цел била да го подигне и развива борбениот морал на борците. Тие им помогнале на водачите на бригадата со организирајќи дисиплина и структура. Пред секоја борба или суровен марш тие организирале говори и средби каде што ги мотивирале партизаните. За време на долготрајни маршови тие ја пееле химната на бригадата за да можат да ги мотивираат партизаните. Во бригадата имало подгрупа на музичарите којшто ја свиреле химната, меѓу нив најистакнатиот бил Јован Леов, Иван Николов - Танго и Трајко Гулевски. мини|294x294пкс|Слика од најистакнатите претставници од бригадскиот комитет. Бригадениот комитет е главниот водачки орган на бригадата, во комитетот се донесени главните одлуки за каде и како би патувале партизаните, кој позиции би ги земале за време на битка и кој материјали ќе ги користеле. Кога немало битки за долго време комитетот би организирал читалишта во селата каде што ги едуцирале партизаните за различни истакнати македонски фигури и периода, како Гоце Делчев, Даме Груев и нивното учество во Илинденското востание. Во читалиштата исто така учеле за комунизмот, социјализмот и нивната историја. Литературните дела на фигури како Карл Маркс и Фридрих Енгелс исто така биле издадени, проучувани и анализирани. Главниот водач на бригадениот комитет бил секретар, којшто во тоа време бил Киро Чауле..
Партиско биро во баталјоните е подгрупа на бригадскиот комитет, имало четири подгрупи за секој баталјон во бригадата, нејзината главна улога е кординација помеѓу баталјоните. Во секое партиско биро во баталјоните содржи повеќе партиски ќелии во четите, секој баталјон содржил повеќе чети во нејзиниот состав, ќелиите дискутирале за односот и движењето на скоевците во брите и акциите и се предлагаа најзаслужените да се примат во партијата. Санитетската подгрупа била составена од медицински сестри и браќа. Заради примитивните услови тие претежно ги нагледувале болните но за сложени операции тие требале да користат надворешни медицински доктори.
Патување Со пропаѓањето на бугарската фашистичка власт и формирањето на нова социјалистичка русофилска држава, фашистичките бугарски сили којшто бригадата се бореле биле привлекувани, заради тоа единствените окупатори во Македонија биле Третиот Рајх и нивната војска. Заради тоа тие почнале да си ги поместуваат нивните баталјони околу градот Велес и велешкиот реон за да можеле да го ослободат градот. Тие исто така соработувале со прилеските бригади при народното ослободување на градот Прилеп. Само 60-70% од партизаните биле вооружени, што било голем проблем на секретарите на бригадата во првите месеци на нејзиното дејство.
Откако била формирана осмата македонска ударна бригада тие почнале со нивното патување низ велешкиот реон, тие почнале во велешкото село Отиштино, после долг марш којшто траел еден ден тие успешно пристигнале во селото Белештевица, селото е дел од Општина Велес, додека Отиштино е дел од Општина Чашка. После тоа тие пристигнале кај велешкото село Бузалково. Тие останале во селото за неколку дена но после одлучиле дека требале да продолжат повеќе кон Велес. Нивната цел била постепено да се приближе до градот и после да го нападнале. Во септември 8-ми тие успешно го ослободиле велешкото село Раштани. Тие биле 4 километри далеку од градот кога почнала Битката кај Раштански Колиби, блиску до Превалец и Горно Оризари.
Борбата По формирањето на осмата македонска ударна бригада во 2-ри септември 1944 година тие почнале со нивното патување, четвртиот баталјон на бригадата ја добила улогата да преземи позиции во селото Бањица бидејќи очекувале дека во околина имало германско присуство. Откако откриле дека селото немало окупатори тие ја добиле наредбата од бригадскиот комитет да преземаат позиција во Раштански Колиби. Раштански Колиби е општ и двосмилен термин користен за обележувајќи територија којшто го зафаќа патот помеѓу точката Гроот, Горно Оризари, Раштани и Раштанската Чешма. Терминот „Раштански Колиби“ не е исто така целосно прифатено, во некој постари наводи местото е познат како „Раштански Дупки“Македонски документарен филм „Осмата македонска ударна бригада“ (1984) емитувана во РТВ Скопје. или „Раштански Пат“. Во националната енциклопедија „Македонска Енциклопедија“ местото е именувано како Раштански Колиби,Борбата кај Раштански Колиби (2009) од Македонска Енциклопедија во официјалниот сајт на Општина Велес терминот Раштански Колиби е исто така користено.80 години од Битката кај Раштански Колиби (2024) од Советот кај Општина Велес. мини|371x371пкс|Слика од маршот на Осмата македонска ударна бригада кон реонот Раштански Колиби пред одвивањето на битката, сликата е датирана помеѓу 8 и 9 септември 1944 година. За брзо време помеѓу 8-ми и 9-ти септември баталјоните од осмата македонска бригада успешно ги преземале позициите кај Раштански Колиби и кај нивната околина, тие успешно земале позиција кај патот од Велес кон Прилеп. Тие исто така наместиле воени сили кај точката Гроот, Горно Оризари и Раштани. Тие исто така успеале да поместиле мал дел од нивната сила кај точката Баир. Тие биле околу четири километри далеку од градот Велес којшто активно се обидувале да го ослободаат. Во ноќта на 9-ти септември, главните водачи на осмата македонска бригада добиле писмо од Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија дека сила составена од германски војници почнале да патуваат кон нивната местоположба и требало да бидат спремни ако биле нападнати од Третиот Рајх и нејзината армија.
Во раната зора на 10 септември 1944 година силите од осмата македонска ударна бригада се спремале за нападот на германските воени сили, тие ги виделе како пристигнале во околина со камиони. Причината зошто Германците откриле местоположбата на бригадата било заради тоа што имале шпиуни во околијата којшто им ја продале информацијата. Тие излегле од нивните автомобили и одлучиле да го издигнат белото знаме, симбол просечно користено во војна за предавајќи самиот себеси. Многумина од партизаните верувале дека германските дојдоа со главната цел да се предале, но водачите на бригадскиот комитет биле сомнителни кон одлуката на германците. Киро Чауле, Павле Игновски, Боро Мокров, и Никола Митевски верувале дека имале друга цел. После неколку минути нивните сомнежи станале вистина кога германските војници си ги замениле белите знамиња со современи пушки и шмајзери. Според Иван Ивановски, којшто бил сведок за време на битката, битката почнала неочекувачи наеднаш.
Улогата на баталјоните во битката