Ленче Стоименова е родена е во Кочани во 1958 година. Стоименова е македонски писател, сатиричар и афоритичар. Живее и твори во нас.Оризари Кочани. Животопис

Стоименова пишува афоризми, сатирично-хумористични текстови, драми за деца и возрасни, поезија и проза, кратки текстови за скечеви, црта и карикатури. Рецензент, промотор, илустратор. Соработувала со единствениот весник за хумор и сатира во Македонија „Остен“. Нејзините афоризми биле објавувани и во списанијата: „Шипак“, „Носорог“, „МаксМинус“, „Трудбеник“, „Инфо Кочани“, фејсбук групите „Лига духовитих“, „Скренимо на прави пут“ и др. Афоризми пишувала на почетокот како хоби, а од 1989-та започнала нејзината соработка со повеќе весници. Со свои афоризми, како претставник од Македонија учествувала и на фестивалот „Сатира фест“ во Белград и на фестивалот „Жаока“ Качарево во Србија. Творештво стоименова е автор е следниве книги:

Досега ги има објавено следните книги:

„Жегла“ (2001) афоризми, „Ледена кока кола“ (2005) роман, „На Велигден“ (2008) поезија за деца „Покажи ми ја среќата“(2011) роман „Зборови се редат, приказни се предат“(2013) приказни за деца „Буба лази“ (2015) афоризми „Врзани до последен здив“ (2016) поезија за возрасни „Обесена на врата“ (2017) афоризми „Црвени стени“ (2019) ВИС Оризари, монографија „Срце и душа“ (2020) поезија за возрасни „Безобразно голем“ (2021) карикатури „Среде срцето крвава рана“ (2021) поезија „Поетски светлини“ (2022) поезија и афоризми „Протојереј Миладин Михаилов“ (2023) Л.Стоименова и М.Гијовски, монографија „Кога цутат хризантемите“ (2023) поезија Авторство како група автори

„Струмичка афоризница“ (2014) афоризми, „ГЕ-50“ (2015) Алманах на афористи од Македонија „На врвот од вулканот“ (2015) афоризми „Будење на петелот“ (2016) афоризми „Бричење на петелот“ (2017) афоризми „Жена и афоризам“ (2016) алманах на афористи од Југославија. Изготвила: Деана Саиловиќ. „Женско писмо“ (2018 ) Темпорална Антологија- афоризми, „Афористички дриблинг Опенфест “ (2021) „Низ сито и решето“ (2022) Струмица. „10 Години“ ,,Вечер на македонскиот афоризам, Кочани (2022)

Наводи

Надворешни врски https://netpress.com.mk/porta-makedonija-promocija-na-aforizmi-od-lence-stoimenova/ https://web.archive.org/web/20240302094248/https://tribuna.mk/izlozhba-na-karikaturi-i-aforizmi-od-lenche-stoimenova-vo-kochani/ https://time.mk/c/40e6d29d6a/ https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=yDiHzLzyrJA

Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски афористи .