Теа Таировиќ (р. Нови Сад на 26 април 1996) — српска пејачка, текстописец и танчерка. Славата ја стекнала со учеството во осмата и десеттата сезона на натпреварот во пеење „Ѕвездите на Гранд“. Таа објавила три студиски албуми - Балканија (2022), Балерина (2023) и Теа (2024) - како и бројни независни синглови кои постигнале голем комерцијален успех.
Препознатлива е по своите настапи во кои изведува стомачен и латиноамерикански танц, поради што е опишана како „Шакира од Балканот“.
Детство и младост Родена е на 26. април 1996 година во Нови Сад, во тогашна Сојузна Република Југославија. Ќерка е на ТВ водителката Божица Малевиќ и академскиот сликар Зоран Таировиќ. Од страната на нејзиниот татко има ромско потекло. Нејзината баба од страна на татко починала како резултат на НАТО бомбардирањето на Југославија, кога била уништена куќата на нејзиниот татко.
Танцува од својата тригодишна возраст, кога започнала да посетува балетска школа, а го освоила второто место а на Светското првенство во шоу танц. Тренирала стандардни и латиноамерикански танци, балет и џез балет. Матурирала во гимназијата „Светозар Марковиќ“, а потоа се запишала на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад. Изјавила дека нема намера да студира психологија бидејќи уште од детството сонувала да стане пејачка, а за пример ја навела Бијонсе.
Кариера Таировиќ го издала својот прв сингл насловен „Да си мој“ во 2014 година, сепак песната не постигнала голем успех, се до 2015 година. Таа повторно станала натпреварувачка на натпреварот за пеење Ѕвездите на Гранд, откако веќе еднаш учествувала на натпреварот во 2013 година. Во финалето ги отпеала песните „Не знаеш како е“ од Нина Бадриќ и „Пламен на љубовта“ од групата Колонија. Не поминала во суперфиналето, но продукцијата и подарила песна наречена „Карактерна особина“, која воедно била втора песна во нејзината кариера.
Во ноември 2016 година го издала својот трет сингл „Мене ми одговора“. Синглот „Танчерка“ излегол во април следната година. Со оваа песна таа успешно ја започнала годината во која објавила уште пет песни. Песната „Несреќа“ ја напишало и продуцирало босанското дуо - Џала Брат и Буба Корели - а според реакциите на слушателите на социјалните мрежи, Теа станала сè попопуларна со секоја нова песна. Со Шабан Шаулиќ во јуни 2017 г. ја снимила песната „Од кога тебе те знам“. Во септември 2017 г ја објавила дуетската песна „одат денови“, која ја снимала со раперот Премил Јовановиќ, попознат како Римски. Музиката и текстот се на Римски и Филип Младеновиќ. Со македонскиот фолк пејач Менил Велиоски ја снимила песната „Драма“, која се разликувала од нејзината претходна работа. Кон крајот на годината Таировиќ ја објавила својата прва балада „И во добро и во зло„ каде нејзините пејачки способности дошле до израз. Таировиќ пред летото 2018 година објавила дует со Ивана Круниќ наречен „Брат на брат“, а неколку месеци подоцна објави дует со „Медикамент“.
Дискографија
Студијски албуми Балканија (2022) Балерина (2023) Теа (2024) Аска (2025) Аска II (2025) Доминантна (2026) Видеографија Спот Година Режисер Да си мој 2014. Видеополис Карактерна особина 2015. Odm Studio Мени одговара 2016. daVideo Откад тебе знам 2017. Марко Тодоровиќ Невоља 2017. Јасмин Пивиќ Драма 2017. SILVER PRODUCTION И у добру и у злу 2017. SILVER PRODUCTION Иду дани 2017. Борис Зец Брат на брата 2018. Станко Вучиќевиќ Медикамент 2018. SHONE ENTERTAINMENT VIDEO Полако 2019. Давид Миќиќ Мала 2019. Марко Тодоровиќ Здраво, довиђења 2019. daVideo Dolce i Gabbana 2019. Давид Миќиќ Само мој 2019. ДМ САТ видео продукција Близнакиња 2019. Xvisual Светица 2020. Xvisual Хајде 2021. Теа Таировић, Давид Миќиќ На једну ноћ 2021. Андреја Дамњановиќ Балканија 2022. Давид Миќиќ Boy boy 2022. Давид Миќиќ Нека пати она 2022. Давид Миќиќ Два и два 2022. Давид Миќиќ Дубаи 2022. Давид Миќиќ Преживећу 2022. Давид Миќиќ Мало ми је 2022. Давид Миќиќ Кучке и демони 2022. Давид Миќиќ Пијан 2022. Давид Миќиќ Балканија микс 2022. NN Media Балерина 2023. NN Media Биби Хабиби 2023. Андрија Гркиќ Израел и Палестина 2023. NN Media Да си најбољи 2023. NN Media Црно одело 2023. NN Media Дај дај 2023. NN Media Не брини мајко 2023. NN Media Будало 2023. NN Media Претерала 2023. Давид Миќиќ Љубавница 2023. Давид Миќиќ Абракадабра 2023. Виктор Антонов 100% 2023. NN Media Балерина микс 2023. NN Media Збогом љубави 2024. Ирис Јанковиќ Бакшиш 2024. Андрија Гркиќ Позови 2024. Андрија Гркиќ,Немања Новаковиќ Теа 2024. Марко Степиќ Пец 2024. Иван Димитров — Torex Наивчина 2024. Андрија Гркиќ,Немања Новаковиќ Титаник 2024. Иван Димитров — Torex TEANUCCI 2024. Милутин Милошевиќ Ола 2024. Иван Димитров — Torex Нек ти је срећno 2024. Андрија Гркиќ,Немања Новаковиќ Удри 2024. Иван Димитров — Torex Име ми је љубав 2024. Милутин Милошевиќ Вештица 2024. Милутин Милошевиќ Маракеш-Дубаи 2024. Ђорђе Јовиќ Катастрофа 2024. Иван Димитров — Torex Море без бродова 2024. Давид Миќиќ Хало, овде ђаво 2025. Иван Димитров — Torex Мајка кука 2025. NN Media Çok Güzel 2025. Иван Димитров — Torex Аска 2025. Иван Димитров — Torex Љубоморна 2025. Иван Димитров — Torex Циганче 2025. Иван Димитров — Torex Да оверим 2025. Давид Миќиќ Кер финансијер 2025. Иван Димитров — Torex То мама воли 2025. NN Media Да ти играм (Опа) 2025. NN Media Казни га нек пати 2025. NN Media Санта леда 2025. NN Media Северна Латина (Американ-Рус) 2025. NN Media Немам ја године 2025. NN Media Хоћу са њим 2025. NN Media Опростите судија 2025. NN Media Вино 2025. NN Media Шамар 2026. Иван Димитров — Torex Бонита 2026. Иван Димитров — Torex Ритам Балкан 2026. Иван Димитров — Torex Кућа кола стан 2026. Иван Димитров — Torex Доминантна 2026. Иван Димитров — Torex Плаво море 2026. Иван Димитров — Torex Пуче пушка 2026. Иван Димитров — Torex С'агапо 2026. Давид Миќиќ Голубе 2026. Давид Миќиќ TBA 2026. TBA 2026. Наводи
Надворешни врски
Категорија:Поп-фолк пејачи Категорија:Српски текстописци Категорија:Српски пејачи Категорија:Луѓе од Нови Сад Категорија:Родени во 1996 година