Библиотека Тианџјин Бинхаи (), со прекар „Окото“ — библиотека во Тианџјин, Кина. Таа е дел од културниот центар Бинхаи, и е една од неговите пет главни занимливости.
Архитектура и опис Библиотеката на пет нивоа има вкупен простор од 33.700 квадратни метри. Нејзина особеност се терасовидни полици за книги, од подот до таванот, во кои можат да се сместат 1,2 милиони книги, и голема, светлечка сфера во средиштето која служи како аудиториум со капацитет од 110 луѓе. Библиотеката го носи прекарот „Зло око“ бидејќи сферата, која изгледа како шареница, може да се види од паркот надвор преку отвор во облик на око.
Во првата недела по денот на отворањето, ја посетувале приближно 10.000 луѓе дневно, предизвикувајќи редици надвор.
Првиот и вториот кат содржат главно простори за одмор и читални. На горните катови има компјутерски простории, сали за состаноци и канцеларии. Има и два двора на покривот. Поради одлука за брзо завршување на библиотеката и судир со она што било официјално одобрено, главниот атриум не може да се користи за складирање книги. Просториите што обезбедуваат пристап до горните нивоа на полици не биле изградени и биле испечатени повези на задниот дел од просторот на полиците за фотографирање на денот на отворањето.
Конструкција Библиотеката е проектирана од архитектонското претпријатие МВРДВ со седиште во Ротердам заедно со Институтот за урбанистичко планирање и проектирање на Тианџјин (TUPDI), група месни архитекти. Поради густиот распоред за изградба од страна на месната самоуправа, проектот од прелиминарни цртежи до отворање на вратите бил остварен во рок од три години. Библиотеката била отворена во октомври 2017 година.
Наводи
Надворешни врски
Official page of the library at Binhai Cultural Center Image gallery at CNN
Категорија:Статии со текст на упростен кинески Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Библиотеки во Кина Категорија:Појавено во 2017 година во Кина Категорија:Тианџјин